SPEKTRA DOMFLOK СЈАЕН ЛАК

SPEKTRA DOMFLOK СЈАЕН ЛАК
Еколошки

Проценка на потрошувачка:

m2
0
l
1
* Потрошувачката се пресметува по еден слој

Техничка документација

Листа со безбедносни податоци

Не сте сигурни кој производ да го изберете?

Безбоен завршен премаз за заштита на оптеретени внатрешни ѕидни површини обоени со дисперзивни бои во претсобја, ходници, лобија, скали (градинки, училишта, болници) и други соби. Краен премаз во разнобојниот декоративен систем SPEKTRA DOMFLOK, којшто може да се меша со SPEKTRA DOMFLOK ливчиња. Соодветен за премачкување врз висококвалитетни дисперзивни премази што се мијат. Може да се нанесува со употреба на различни декоративни техники.

Својства:

  • сјаен изглед на премазот
  • проѕирен слој
  • особено лесно се мие
  • лесно се чисти со неагресивни детергенти

Потрошувачка:

1 л прекрива површина од 6 - 8 м2 со 1 слој.

Пакување:

Детални информации можете да најдете во техничките информации.

Совет:

Ви препорачуваме да ги прочитате техничките информации пред употреба на производот. Производот не смее да замрзне, складирајте го на температура помеѓу +5 °C и +35 °C и не изложувајте го на директна сончева светлина. Не истурајте го производот во канализација.

Инструкции за употреба:

  • Внатрешни ѕидни површини
  • Измешајте пред употреба
  • Не се разредува
  • Нанесување со валјак или четка
  • Нанесување со перниче, сунѓер, мистрија, итн.
  • Чистење на алатите со вода
  • Времето на сушење од нанесување на еден до друг слој: 4-6 ч
  • Работни услови 10-25 °C
  • Чистење со влажна крпа
  • Ниво на сјај - сјаен