SPEKTRA Facade Universal – за реновирање на системите за термоизолација
При поставување на системот за термоизолација, ретко се помислува на тоа дека за да се обезбеди долг животен век на фасадниот систем, потребно е редовно одржување на фасадната површина. Поради секојдневните временски промени и статичката изложеност, фасадните системи се постојано оптоварени и на тој начин подложни на појава на помали или поголеми оштетувања. И покрај висококвалитетната инсталација на термоизолационите фасадни системи, редовните годишни проверки се многу важни, бидејќи редовната поправка на оштетувањата може да овозможи животниот век на фасадниот систем да достигне неколку децении.

SPEKTRA Facade Universal е микро-армирана акрилна фасадна боја наменета за реставрација на системи за термоизолација на база на полистирен и минерална волна и други фасадни површини, вклучително и оние со веќе видливи пукнатини. Нејзините предности се висока водоотпорност и паропропустливост, отпорност на абење (кварцни полнила), одлична способност за зајакнување и премостување на микропукнатини, издржливост на бојата (неоргански пигменти), биоцидна заштита на слојот боја и високо ниво на отпорност на атмосферски и штетни индустриски влијанија.
Се препорачува целосно реновирање на фасадниот систем кога е стар помеѓу 10 и 20 години (во зависност од изложеноста и другите влијанија) додека врзивата во завршниот малтер се сè уште во добра состојба. Како резултат на тоа, ќе се избегнат големи интервенции на фасадниот систем и поврзанитте трошоци за реновирање.