SPEKTRA Renoxan – за освежен изглед на фасадни површини

22.02.2021

За долготрајна заштита на фасадните површини, препорачуваме да користите SPEKTRA Renoxan, универзална фасадна боја со микро-армирачки ефект наменет за обнова на системите за термоизолација (EPS и MW) и за други фасадни површини.

Renoxan 1280x866 opt

Бојата се одликува со одлична способност за зајакнување и израмнување на микро-пукнатини, висока отпорност на вода и висока пропустливост на пареа, биоцидна заштита на слојот боја и високо ниво на отпорност на атмосферски и штетни индустриски влијанија.

Може да се нанесува на сите видови минерални и дисперзивни малтери, на фибер-цементни и дрвено-цементни плочи, на бетон, како и на стари дисперзивни премази.

  • За обновување на термоизолациски системи (EPS и MW) како и за други видови на фасадни површини.
  • Висока паропропустливост и висока отпорност на вода
  • Способност за армирање и корекција на микро пукнатини
  • Биоцидна заштита на слојот боја
  • HGMIX (неоргански пигменти)