Сива детска соба? Да или не?
Вашиот прв одговор е најверојатно „не“ бидејќи детските соби се во која било боја освен сива или црна. Но, шарени светли ѕидови во комбинација со детски мебел, играчки, постелнина и теписи има прилично хаотичен ефект и последично го прави просторот да изгледа помал.
Не грижете се; вашето дете ќе научи да ги препознава боите и без ѕидови во сите бои од виножито. Карактерот на секое дете брзо ќе ја обои собата, што ни дозволува избор на помирни нијанси за ѕидовите - па дури и една боја за сите ѕидови во собата. Покрај бела боја, за овој проект избирам - сива!
Ѕидот во детската соба пред реновирањето
Детска шолја со мотив на црн облак беше доволно да ме инспирира, и во мојата глава, веќе имав нацртано голем облак врз половина од ѕидот. Мојата пријателка, мајка на едно и пол-годишно душиче, замина на море и ми го довери клучот од нејзиниот стан. „Можеш да правиш што сакаш, сè додека не ги обојуваш ѕидовите со премногу бои“, ме советуваше. Хм, а само да ги знаеше моите намери...
Внатрешната ѕидна боја SPEKTRA Extra во нијансата G164 од картата на бои Monicolor Nova беше мојот избор за облакот во детската соба. Најпрво, потребно беше освежување на ѕидот со малку бела боја. Избрав SPEKTRA Extra бидејќи покрај нејзиниот мат ефект, исто така е отпорна на влажно бришење - идеално за детска соба. Откако се исуши слојот на бела боја, рачно со сива креда нацртав тенки, заоблени линии во форма на голем, густ облак.
Избрав креда, затоа што линиите може лесно да се избришат. Потоа употребив закосена четка за да ги нацртам контурите на облакот. Овој тип на четка е идеален за цртање на многу прецизни линии. Потоа ми преостана да го нацртам останатиот дел од облакот. За заменив четката за бојадисување со валјак од средна големина. И не, овој пат не ми беше потребен експерт за да ми помогне во бојадисувањето! Прилично сум вешта во користење на валјак, но секогаш завршувам со неколку капки боја на мојата облека, но ако сте брзи, бојата се мие со вода.
И наеднаш, во собата се појави облак. Мебелот во сива и светла боја може секогаш да се комбинира со пастелни бои. Наскоро во собата ќе има многу предмети во боја, па затоа со сива во комбинација со црни детали ќе се добие смирувачки изглед.
Ѕидот во детската соба по реновирањето
Ги отстранив предметите од собата кои не му се потребни на малото момче и малку го променив распоредот на мебелот за „полесно да се дише“. На сивиот облак ги прикачив зборовите „Слатки соништа“ и две куки за промена на фотографии. Сладоледот на масичката до креветот служи како светилка навечер. Сите други додатоци се исто така сиви, црни и бели.
Собата е едноставна и мирна, но сепак ја задржува детската разиграност која уште повеќе ќе дојде до израз во наредните неколку денови. Значи, сива детска соба? ДА!