Љубовен триаголник

Jana Koteska
Jana Koteska

Кога планирав да зачинам дел од белиот ѕид во ќошот од мојот дом, немав намера тоа да биде со љубовен триаголник. Не дека некогаш се покажало дека е нешто позитивно, туку чисто заради мојата љубов кон триаголниците како форма. Како симбол, насоката во која е завртен е исто така важна, но овој пат не се грижев за тоа - ме интересираше чисто како декорација на ѕидот.

SLIKA 1sИсто така, колку брзо и едноставно можете да нацртате триаголници на ѕидот? На следниот начин!

За основа, избирам високо-покривна боја Helios SPEKTRA LATEX MAT. Употребив три светли нијанси од моите омилени бои: лосос, сива и минт. Ги избрав од постоечката палета на бои Helios. Добро е земете во предвид дека нијансата на боите од картата е секогаш посветла од нијансата која ќе ја добиете на ѕидот кога бојата ќе се исуши.

SLIKA 2sСо помош на најтесната заштитна лента, направив мрежа од триаголници на ѕидот. Најдобрата работа во врска со ова е дека не е потребно посебно математичко знаење или план - можете да си дозволите да ве води вашата фантазија. Потребно е само да се држите до линиите.

SLIKA 3sГо избрав најмалиот валјак за нанесување на боја бидејќи триаголниците се мали. Кога премачкувате мазни површини, еден слој боја е доволен. Кога бојата се исуши, внимателно ја отстранив заштитната лента. Ако бојата протече врз белата позадина, ова може да се поправи со мала четка и малку бела боја.

SLIKA 5 1Триаголниците испаднаа добро и на ѕидот му дадоа нов, интересен изглед, што секој може да си го дозволи. Бидејќи ова е мал детал во комбинација со соодветна нијанса на боја, ваквиот „моден додаток“ е добредојден за влезен ходник, дневна соба. спална соба или работна соба.

SLIKA 7 1sДали некој друг се заљуби? Ова мини-преуредување е возможно и во дождливи денови! ;)