Прекрасна домашна канцеларија во мал стан

Jana Koteska
Jana Koteska

Неколку квадратни метри се сосема доволно за да создадете креативен простор кој ќе биде само ваш. 

Работата од дома може да биде одлична бидејќи практично се разбудувате на работа, но, исто така, потребна е поголема самодисциплина. Затоа е добро да имате посебен простор за истата. Значи, ако работите од дома, или пак едноставно сакате да имате посебен простор за работа на компјутер или за изработка на вашиот распоред - ова е вистинската идеја за вас. 

 

ДОМАШНАТА КАНЦЕЛАРИЈА ПРЕД РЕНОВИРАЊЕТО

Одлучив да си направам домашна канцеларија во дневната соба од мојот дом. За остварување на овој проект ми беше потребен само еден ден. Погледнете како вие би можеле сами да го остварите овој летен проект.

2 600x6001 600x600

ПОТРЕБЕН ПРИБОР

  • Внатрешна ѕидна боја Spektra LATEX MATT во нијанса HGV050 од картата на бои Monicolor 720
  • Декоративни панели WallArt 3D, во стандардни димензии 50 x 50 цм
  • Neostik FASTENING ADHESIVE EKSPRES (ЗАЦВРСТУВАЧКО ЛЕПИЛО EKSPRES)
  • Neostik AKRIL
  • Мал валјак и сад за боја
  • Заштитна фолија или хартија, заштитна лента

 

ПОСТАПКА

За реновирањето ги избрав декоративните панели WallArt 3D, кои ги залепив на ѕидот до полиците во дневната соба. На задната страна од декоративните панели нанесов Neostik FASTENING ADHESIVE EKSPRES по рабовите и по деловите кои се лепат врз ѕидната површина. 

2 600x6001 600x600

Панелите ги залепив на 2 од 5 вертикални линии. Можете да ги искористите за прекривање на целиот ѕид или да ги распоредите по сопствен избор. Поставувањето на панелите во права линија е полесно со помош на воден валјак или со апликација на вашиот телефон. Апликацијата може да ја преземете во вашиот телефон за да ви користи за „DIY“ („направи сам“) задачи во иднина. Цврсто притиснете ги панелите со лепило врз ѕидот за да се залепат на целата површина. Просторот помеѓу панелите го исполнив со Neostik AKRIL, акрилен зацврстувач. Тоа го направив со помош на пластична картица. Откако белата маса ќе се исуши, површината може да ја порамните со фина хартија за брусење.

 

Otroski koticek 12

ИНТЕРЕСЕН ФАКТ

Декоративните панели се еколошки производ што се рециклира. Направени се од природен материјал што се добива како остаток при обработка на шеќерна трска. Фиброзната пулпа, која е остаток при преработката на шеќерна трска, е една од најобновливите суровини, бидејќи шеќерната трска се бере три пати годишно.

Потоа ја нанесов избраната ѕидна боја. Избрав мал валјак за бојадисување на панелите за да можам да ја прекријам целата површина. Ѕидната боја Spektra LATEX MATT има одлична прекривна моќ; еден слој е доволен. Бидејќи сакав да добијам поинтензивна боја, нанесов уште еден слој.

 

1 600x6002 600x600

Панелите ги бојадисав многу брзо бидејќи површината беше многу мала - само неколку метри квадратни. Ваквиот проект може да се заврши во еден ден, без многу труд. Од искуство, ви препорачувам со работа да почнете рано наутро. Секој материјал што го нанесувате мора добро да се исуши пред нанесување на следниот.

 

ДОМАШНАТА КАНЦЕЛАРИЈА ПО РЕНОВИРАЊЕТО

Избрав високи маса и стол бидејќи прекрасно се вклопуваат во собата, и во комбинација со бојадисаниот ѕид, ја прават собата да изгледа поголема. Релјефот од панелите ѝ дава на собата различен изглед и посебен, индивидуален карактер на домашната канцеларија. Ф'стак зелената боја не е премногу интензивна и добро се вклопува во просторот. Исто така, поставив проѕирни завеси кои го ублажуваат преминот од ѕидот до прозорецот. Сакам да имам палми и зеленило во станот, па ги додадов во овој агол, кој сега е вистинска мала џунгла. Реновираната домашна канцеларија е мојата нова оаза за релаксација, каде што се чувствувам добро кога работам и која има креативна атмосфера. 

 

6 b