Нова боја ‒ ново и подобро чувство!

Jana Koteska
Jana Koteska

Дали помните колку пати целосно сте ги пребојадисале собите во вашата куќа или стан? Ако не се сеќавате, тогаш сигурно не било доволно. 

Боите што не опкружуваат често влијаат врз нашата благостотојба и токму затоа мора особено внимателно да се изберат за собите во кои поминуваме најголем дел од нашето време. Иако денешните ѕидни бои се висококвалитетни, сите знаеме дека на ѕидовите може да им се случи сè, особено кога има деца. И овој пат, пријателка чиј виолетов ѕид во дневната соба комбиниран со бледа жолта боја беше за обновување, побара моја помош. Покрај тоа, децата исто така оставиле свој белег врз него.

 

1 600x6002 600x600

Желбата на младото семејство кое живее во овој стан беше да се обои во светла нијанса за да дише. Најпрво сакаа да го обојат целосно бел, но јас ги убедив дека станот е доволно светол за да може да поднесе капка кафена боја во морето од бела боја. И успеав! Се е можно со помош на Helios SPEKTRA Classic Plus.

 

1 600x6002 600x600

Најголем предизвик беше прекривањето на силната, темно виолетова боја. Откако успеавме да го направиме тоа, просторот веднаш стана „посветол“ и попријатен. Овој пат имаше голема површина за обработка, па валјакот го препуштив во машки раце. Откако мајсторите ја завршија работата до последните детали и бојата се исуши, јас настапив на сцена. Мојата пријателка и јас примарно се посветивме на аголот кај трпезаријата која е срцето во домот од нивното семејство. Одлучивме да ја направиме посебна со фамилијарни фотографии и фотографии од пријатели.

 

3 600x6004 600x600

Мои реквизити беа рамки во различни големини во бела, црна и зелена боја. Зелената одговараше и на плочките од кујната. За монтирање врз ѕидот, ми беа потребни чекан, шајки и фотоапарат. 

 

10 1280x896

СОВЕТ: Монтирањето рамки на ѕид може да претставува голем предизвик. Најпрво ја замислував формата која сакам да ја создадам на ѕидот. Потоа ги ставав рамките на подот, каде што ја прилагодував нивната големина и боја. Откако рамката беше подготвена на подот, ја фотографирав и ја прилагодував на ѕидот.

 

5 600x6007 600x600

10 1280x896

Бидејќи мојата пријателка обожава зеленило во својот стан, подоцна додадовме и висечка кошница во трпезаријата.

 

10 1280x896

Семејството беше многу среќно со новата трпезарија и им беше мило што изборот на боја ми го доверија мене. Магичната нијанса на боја што ја избрав од Helios Spektra Terra картата на бои е T 132 H.

 

Употребените производи од марката Helios се достапни во сите добро-опремени продавници за бои и градежни материјали. Новата и подобрена формула за внатрешни ѕидни бои SPEKTRA Classic Plus нуди специфичен мат изглед на слојот боја и избор меѓу повеќе од 5000 нијанси од HGMIX системот за мешање, а додавањето на вода и боја стана олеснително.