До прекрасна детска соба на наједноставен начин

Jana Koteska
Jana Koteska

Малку е потребно за создавање на прекрасна детска соба пред пристигнувањето на нов член во семејството. Наместо целосно бојадисување на ѕидовите во светли нијанси на бои, обично е потребна мала доза креативност за да се достигне посакуваниот ефект. За реновирање на собата од пријателка којашто очекува близнаци, ѕидот беше неодамна освежен со бела боја, па затоа не беше потребно пребојадисување.

 

ДЕТСКОТО КАТЧЕ ПРЕД РЕНОВИРАЊЕТО

Otroski koticek 2

 

Детската соба е наменета за две момчиња, но не сакав да се ограничувам со бирање на типични детски бои. Кога ја разгледував картата на бои Spektra Terra, мојот поглед се задржа на следните две нијанси:

T 233 T 236
Otroski koticek 3 Otroski koticek 4

 

Потребен прибор:

  • хартија на тенок PVC за заштита на подот
  • заштитна лента
  • два моливи и конец
  • четка од природни влакна, со меки и аголни влакна (за полесно и попрецизно цртање на кругови)
  • ткаенина

 

Само мала количина на боја беше доволна за просторот да добие нов карактер - весел и многу поразигран. За цртање кругови користев проверен и едноставен метод - врзав конец околу еден молив, поставив дијаметар на кругот и го врзав другиот молив на крајот од конецот за да ги нацртам круговите на ѕидот. Ја прилагодив должината на конецот и со тоа и соодветната големината на различните кругови според мојата инспирација. Побарајте помош од некого за да се осигурите дека нацртаните кругови со молив имаат правилна форма.

2 600x6001 600x600

 

Откако сите кругови беа нацртани на ѕидот, време беше за бојадисување. Прво, ја избрав бојата за круговите и прецизно ја обоив линијата од моливот со четка, па потоа ја бојадисав внатрешноста од кругот.

2 600x6001 600x600

Тешко е да се опишат боите што ги избрав бидејќи се менуваат со промена на светлината во текот на денот. Ја користев внатрешната ѕидна боја од Helios, Spektra Extra, која има особено добра покривна моќ, лесна е за нанесување, безбедна за луѓе и еколошка. Што е уште подобро, дамките кои често се појавуваат во детски соби може лесно да се избришат со влажна ткаенина.

 

Otroski koticek 9

 

Собата е прекрасно украсена со стар стол и декоративна инскрипција од Tessarol акрил емајл. Емајлот врз база на вода нема непријатен мирис, брзо се суши и особено е наменет за бојадисување предмети како што се детски играчки.

1 600x6002 600x600

 

Детското катче со нов дизајн сега изгледа почисто и не е премногу шарено, со оглед на тоа дека наскоро ќе биде дом за најомилените детски играчки кои ќе донесат повеќе бои во собата и ќе пораснат заедно со децата.

Otroski koticek 12