Малку поинаква градина со зачини
Недостатокот на простор не значи дека не можеме да имаме мала градина со зачини во нашиот дом. Градинарството не е мое хоби, но кога пред неколку дена наидов на интересно решение на интернет за тоа како да трансформирате дрвена палета во дом за растенија, одлучив да го прифатам овој возбудлив предизвик. Побарав помош од пријател бидејќи работен викенд е секогаш добра идеја за поминување на времето со друштво, а сончеви пролетни денови се секогаш совршено време за да станете DIY („Направете си сами“) експерти.
Дрвена палета што не се употребува може да биде многу корисна работа. Отворете ги очите бидејќи може да го најдете ова заборавено богатство во ваша непосредна близина или можеби кај соседите. И токму кај соседите ја најдов мојата и тие беа доволно љубезни да ми ја подарат.
1.) Пред употреба, палетата мора да се исчисти и избруси за површината да стане мазна. Брусилката требаше да работи многу бидејќи сакав да добијам што е можно помазна површина. Палетатa може да се избруси и рачно, но ќе ви биде потребно малку повеќе време.
2.) Отстранете ги двете тесни летви од палетата.
3.) Ставете ги летвите на другата страна за да направите корито за растенијата.
4.) Пред палетата да ја добие новата декоративна функција, мора соодветно да се заштити. Најпрво го премачкав дрвото со BORI импрегнација со биоцид W за заштита на дрвото од штетници.
5.) Следниот ден, ги обложив „отворите“ со дебела фолија и со хефталица ја прицврстив за рабовите. Тревките и цвеќињата одвај дочекаа да бидат сместени во новиот дом.
6.) Откако премазот со импрегнација беше целосно исушен (препорачливо е да се чека 24 часа пред нанесување на лазура), започнав со премачкување на дрвото со BORI гел лазура. Бидејќи сакав дрвото да биде темно, избрав нијанса на тиково дрво од постоечките шест нијанси. BORI гел лазура е нов производ на производите на Хелиос и има посебна гел структура која овозможува брзо и лесно нанесување на премазот без протекување. Особено карактеристично за гел лазурата е тоа дека не треба да се меша пред нанесувањето. Додека го нанесував првиот слој, станав малку гладна бидејќи изгледот на лазурата е како чоколаден пудинг.
7.) Додека лазурата се сушеше, ставив малку камчиња на дното на коритото, а потоа додадов почва до средината, додадов зачини и цвеќиња, и на крај уште еден слој почва.
8.) Не можев да дочекам да ја пренесам мини градината на тивко место зад куќата каде што сенката од лозницата создава одлично место за читање и излети. Тие ќе бидат уште поинтересни бидејќи сега ќе можеме сами да си набереме свежи зачини директно од градината.