Бојадисувачки проект: Од подготовка до чистење

Без разлика дали ќе пребојадисувате цел стан или ќе ја промените бојата само на еден ѕид, самите процеси на подготовка и бојадисување се исти.

42 Projekt barvanje Naslovna 1280x850

Со добра подготовка, половина од работата е завршена

Како и за сѐ во животот, најважна е подготовката. Како да се подготвите за бојадисување? Прво, одлучете за големината за просторот - целиот стан, една соба или можеби само еден ѕид во соба. Потоа, изберете го типот и квалитетот на бојата или системот за бојадисување. Главните критериуми се:

-        Вид на подлога: конвенционални (дисперзивни или варови) ѕидни премази, лакови и емајли што лесно се мијат, тапети...

-        Оптеретеност: оптеретеноста варира во зависност од намената на просторијата; абењето е многу поголемо во ходникот отколку во дневната соба, па затоа изберете боја која е многу отпорна на абење, а може да се исчисти и со влажна крпа, на пример SPEKTRA Latex mat.

-        Состојбата на површините: проверете дали ѕидовите се испукани, дали бојата се лупи, дали има мувла...

-        Посакуваниот краен изглед на премазот: изберете ја нијансата на бојата и нивото на сјај.

 

Бидејќи ѕидот никогаш не е целосно мазен или изедначен како стаклото, повеќето бои за внатрешни ѕидови имаат ниско ниво на сјај или се мат. Со тоа е полесно да се сокријат неправилностите на површината отколку ако ѕидот е обоен со високо сјајна боја. Доколку преферирате сјаен краен изглед, нанесете го безбојниот горен слој SPEKTRA DOMFLOK СЈАЕН ЛАК врз која било нијанса на боја за внатрешни ѕидови за да обезбедите дополнителна заштита на обоените површини.

Кога одлуката за нијанса е тешка поради огромниот избор на нијанси, може да помогнат неколку совети за избор на нијанса. Откако ќе ја изберете нијансата, препорачуваме да ја тестирате на мал дел од ѕидот и да почекате бојата целосно да се исуши. Неколку дена набљудувајте ја бојата, која ќе се менува во текот на денот во зависност од степенот и аголот на дневна светлина. Тон картата HGMIX INTERIOR COLOUR COLLECTION нуди широк спектар на нијанси на бои за внатрешни ѕидни површини, од пастелни до моќни бои.

За потемни тонови, изберете бои кои имаат повеќе врзивно средство, што ги прави да се шират и подобро да се лепат на површината, на пример SPEKTRA Latex mat. За посветли тонови, можете да избирате од поширок спектар на ѕидни бои.

Откако ќе ја изберете саканата нијанса на боја или саканиот систем на премачкување, пресметајте колку боја ви треба. Молерите обично ја вклучуваат површината на прозорците и вратите во вкупната квадратура, освен ако тоа не се многу големи стаклени површини. Не заборавајте да додадете 10% на пресметаната квадратура бидејќи мала количина боја ќе остане на четката или валјакот и во лименката.

 

42 Projekt barvanje 625x415 0342 Projekt barvanje 625x415 02

За да подготвите целосна листа на сѐ што ви треба пред да ја посетите продавницата, проверете ја состојбата на основата што ќе ја бојадисувате. Ако бојата се лупи или остануваат бели траги на вашата рака откако ќе ја поминете преку ѕидот, тоа значи дека има малку врзивно средство во бојата и дека основата е лоша. Врз таквите основи, прво нанесете основна боја SPEKTRA Impregnation Acryl Special.

 

Листа за бојадисување:

-        заштитна леплива лента,

-        заштитни фолии за заштување на подот и мебелот,

-        импрегнација (по потреба),

-        брусна хартија,

-        кит за санација на неправилности на површината (по потреба),

-        шпакла за нанесување кит (по потреба),

-        боја,

-        стапче за мешање боја,

-        четка за бојадисување,

-        валјак,

-        кофа за турање на потребната количина на боја,

-        мрежеста цедалка, која се користи за отстранување на вишокот боја од ваљакот,

-        скала, за да ги досегнете повисоките делови од ѕидовите (по потреба),

-        телескопска рачка.

 

Заштита

Сега, сѐ е подготвено. Не заборавајте да одвоите доволно време за бојадисување за да не се грижите дека сте избрзале со работата. Ако сте зафатени во текот на неделата, подобро е да го искористите викендот за бојадисување.

Откако ќе се одлучите кога да бојадисувате, прво исчистете ја и подгответе ја вашата избрана основа. Исчистете ја прашината или пајажината, израмнете ја површината ако е нерамна и со кит поправете ги сите помали неправилности на ѕидот. Во овој случај, почекајте китот добро да се исуши пред да бојадисувате. Следете ги инструкциите за сушење на китот.

Последната фаза пред бојадисувањето е заштита на подот, ѕидните рабови, прозорците, вратите, приклучоците, прекинувачите и мебелот користејќи заштитни фолии и заштитна леплива лента. Откако сѐ е заштитено (и китот е исушен), бојадисувањето може да започне! 

 

42 Projekt barvanje 625x415 0542 Projekt barvanje 625x415 08

Бојадисување

Прво, добро измешајте ја бојата за да спречите таложење на пигмент или други материи. Потоа, разредете ја бојата според инструкциите на лименката. Во принцип, првиот слој на боја треба да биде потенок од вториот. Избор на вистинскиот валјак Изборот на валјак одговара на квалитетот на бојата: ткаените валјаци се користат за обични ѕидни бои, како на пр. SPEKTRA Perfect White, SPEKTRA Classic Plus, SPEKTRA Fresh&Easy, SPEKTRA Extra; микрофибер валјаците се за поквалитетни бои бидејќи создаваат пофина структура на ѕидот. Такви се SPEKTRA Latex mat или полумат, SPEKTRA Active Air или SPEKTRA Premium. За најуспешно нанесување на бојата, намокрете го валјакот со вода пред употреба и поминете го преку рамна површина за да се ослободи водата и да се отворат влакната. Можете да го поминете преку која било водоотпорна рамна површина; само погрижете се испуштената вода да не предизвика никаква штета.

Секогаш почнувајте да бојадисувате прво со мал валјак или четка во аглите, околу приклучоците и прекинувачите и под таванот, па дури потоа продолжете со бојадисување со голем валјак на поголеми површини. 

 

42 Projekt barvanje 625x415 0642 Projekt barvanje 625x415 04

Погрижете се бојата да биде рамномерно распоредена по површината, слоевите да не се премногу дебели и бојата да не се нанесува премногу долго на едно место, бидејќи ќе почне да се суши и ќе остави видливи траги од валјакот. Бојата треба да се нанесе во форма на буквата S, која потоа се размачкува во вертикална насока горе-долу. Погрижете се цело време да бојадисувате во иста насока и да нема вишок боја на четката или валјакот. Користете ја цедалката за да го отстраните вишокот боја од четката или валјакот.Избегнувајте да го користите работ од лименката за цедење на бојата бидејќи тоа може да го отежне нејзиното отворање и затворање поради исушената боја.

За бојата да не се исуши пребрзо, кога бојадисувате, не треба да има провев или да биде премногу жешко (до 25°C). Следете ги инструкциите за потребниот број на слоеви и времето на сушење. Вториот слој боја треба да го нанесете само откако првиот е целосно исушен. Нанесувањето боја врз влажен прв слој може да предизвика проблеми - првиот слој може да се одвои од основата заедно со валјакот при нанесување на вториот слој. Екстремно белата внатрешна ѕидна боја SPEKTRA Super е посебна бидејќи овозможува нанесување врз влажен прв слој, така што не е потребно да се чека бојата да се исуши во меѓувреме.

 

Чистење

Последна и важна фаза е чистењето. Отстранете ја леплива лента кога бојата е делумно или целосно сува, но не ако е влажна. Не влечете ја од бојадисаната површина, туку отстранете ја под агол од 180 степени. Отстранете ја (извалканата) заштитата за под само откако бојата е целосно сува. Во спротивно, парчиња исушена боја од заштитната фолија може да летнат и да се залепат на влажниот ѕид.

Откако ќе ја извадите заштитната фолија, хартијата и заштитната леплива лента, измијте ги валјаците, четките и другите алатки со вода. Измијте го валјакот со вода и потоа поминете го врз рамна површина за да се отворат влакната. Ако валјакот остане влажен, можно е влакната да се залепат и дури и да мувлосаат. Никогаш не поставувајте го рамно; исправете го или обесете го додека се суши. Истото важи и за четките.

 

42 Projekt barvanje 625x415 0142 Projekt barvanje 625x415 07

Ако не сте ја потрошиле целата боја, избришете го работ на лименката со чиста крпа и запечатете ја. За да се спречи сушењето на бојата, проверете дали капакот е херметички затворен. Ова е едниствениот начин да се осигурате дека бојата ќе може да се искористи во наредните 5 месеци по отворањето на оригиналната лименка. Ако преостанала помалку од половина од бојата, препорачуваме да ја претурите во стаклена тегла за солење за го ограничите навлегувањето на воздухот. Пред следното користење, проверете дали бојата е сѐ уште во добра состојба.