Боите и фенг шуи

Веројатно сте запознаени со поимот фенг шуи , традиционалната практика која потекнува од Античка Кина и се однесува на живеење во склад со природниот свет. Фенг шуи  буквално значи „wind-water“ (ветер-вода) и поучува како правилно да се постави мебелот и да се нареди просторијата за да се постигне хармонија. Боите, кои се поврзани со петте основни елементи - дрво, оган, земја, метал и вода - исто така имаат клучна улога во оваа практика. Тие се исполнети со позитивна или негативна енергија, позната како чи. Според поборниците на оваа практика, нашиот избор на боја во одреден простор не смее да биде целосно субјективен; мора да се заснова врз анализа на сите фактори што влијаат на просторот за да се постигне кохерентност.

Кратка историја

Оваа античка кинеска практика е развиена пред околу 3.500 години во мали села на Истокот, каде луѓето ја проучувале структурата на Земјата и правецот на ветрот и водата за да изградат најдобри живеалишта за опстанок. Добра фенг шуи  обезбедува обилна жетва, здрав добиток и богат живот. Во западните култури, ова долго време се смета за суеверна практика, но перцепциите се менуваат и, всушност, постои сè посилен тренд кон создавање хармонија во просторот за живеење. Денес, целта на оваа практика е да се обезбеди позитивна енергија или позитивен проток на енергија во нашите секојдневни простори за живеење.

 

Избирање бои

Експертите употребуваат бои за да ја насочат енергијата чи  и да создадат корисни енергетски промени во одредени делови од домот. Ова треба да има позитивно влијание врз нашата благосостојба, односите и продуктивноста. При изборот на бои, неопходно е да се потпрете на хармоничната употреба на петте елементи и нивниот кружен циклус. Секој од петте основни елементи има свои бои кои, заедно со елементот, создаваат и шират енергија, или чи.

  • Дрво- сина, зелена
  • Оган - црвена
  • Земја - жолта
  • Метал - бела, беж, сребрена
  • Вода - темно сина, црна

 

HGMIX INTERIOR COLLECTION intro

 

Ефектот на боите

ЗЕЛЕНАТА е боја надрвото, на Истокот и на растот. Симболизира вегетација, раст и виталност и затоа е поврзана со живот и природа. Тоа е бојата на мирот, балансот и екологијата. Во зависност од избраниот тон, зелената може да биде топла и ладна. Може да се искористи за да се создаде поврзаност со природата или мирно место за одмор, да се обрне внимание на нешто ново и да се предизвика чувство на младост. Соодветна е за скоро секој простор во домот.

нијанса G12-6 според картата на бои HGMIX

HGMIX INTERIOR COLLECTION green

 

ЦРВЕНАТА е боја што означува сила и енергија. Може да симболизира опасност или радост, привлекува внимание и создава чувство на топлина. Таа е најтоплата боја, која припаѓа на Југот и има силна енергија. Предизвикува страст и спонтаност; но треба да се користи претпазливо. Не е препорачлива за простори што ги користат луѓе со лошо здравје и стари, или во простори за премин, како што се ходници и чекални. Црвената боја се користи за поттикнување енергичност, самодоверба или за стимулирање мотивација.

нијанса R24-6 според картата на бои HGMIX

HGMIX INTERIOR COLLECTION red

 

СИНАТА е боја на елементот вода, Зима и припаѓа на Северот. Означува доверба, сигурност и желба за знаење, а исто така симболизира сè што е непознато и неоткриено. Може да се искористи за да се создаде мистериозна атмосфера, да се изрази љубопитност и сериозност, а исто така помага при медитација. Не е препорачлива за детски и студени соби. Во комбинација со друга боја, соодветна е и за работна соба.

нијанса B20-7 според картата на бои HGMIX

HGMIX INTERIOR COLLECTION blue

 

ВИОЛЕТОВАТА боја припаѓа на елементот оган и на Југот. Таа ги комбинира студените и топлите полови и не е толку живописна како црвената. Често се поврзува со духовност и има релаксирачки ефект. Огнената енергија на виолетовата, која е повеќе yin, може да се користи во различни простории како што се кујната, трпезаријата и дневната соба, дури и во спалната соба (но во мирна нијанса), работната соба и детската соба.

нијанса V25-7 според картата на бои HGMIX

HGMIX INTERIOR COLLECTION purple

 

ПОРТОКАЛОВАТА боја наводно има широк спектар на лековити својства, има оптимистички ефект и предизвикува самодоверба и апетит. Припаѓа на елементот земја и Југо-западот и Северо-истокот. Обично е соодветна за трпезарии и дневни соби, кујни и ходници.

нијанса O02-6 според картата на бои HGMIX

HGMIX INTERIOR COLLECTION orange

 

ЖОЛТАТА е боја на сонцето и означува изобилство. Поврзана е со интелигенција и симболизира толеранција и трпеливост. Може да се користи за оживување на просторот, подобрување на расположението, стимулирање на мисловниот процес и поттикнување љубопитност. Меѓу другото, жолтата симболизира мудрост, среќа и радост. Не е препорачлива за во мали или затворени простории и во спална соба; погодна е за во детска соба, трпезарија, кујна и ходник. Чисто жолтата боја го расчистува умот, што ја прави соодветна за училници.

нијанса Y01-7 според картата на бои HGMIX

HGMIX INTERIOR COLLECTION yellow

 

БЕЛАТА боја симболизира чистота, вера и невиност. Припаѓа на елементот метал и Западот и Северо-западот. Може да се употребува за истакнување на чистота и невиност, како и за покажување искреност. Треба да се избегнува во места со постудена клима и во затворени и работни простори. Соодветна е за некои работни соби, спални соби и купатила.

нијанса W09-4 според картата на бои HGMIX

HGMIX INTERIOR COLLECTION pastel

 

Изборот на вистинските бои за да се создаде најдобро можно чувство се постигнува со комбинирање на нивните карактеристики, енергии и синергии. Ве покануваме да го погледнете нашиот широк спектар на нијанси на внатрешни бои на нашата нова онлајн HGMIX карта на бои и да изберете боја која е најпогодна за Вашиот дом и која најдобро ќе ја изрази Вашата личност.