БОЈА НА МЕСЕЦОТ - ЦРВЕНА

Црвената е боја на акција, предупредување, знак за стоп на семафорот; се користи за привлекување на вниманието на набљудувачот. Црвената е исто така боја на љубов и страст; означува и одлучност, храброст и среќа. Заедно со сината и жолтата, таа е примарна боја и на тој начин изразува силна енергија. Внимателно избраниот црвен фустан се истакнува на деловен состанок и зрачи со смелост и одлучност на личноста која го носи.

1280x850 RED cover

И како што се вели, за вкусовите не се дискутира. Затоа, денес веќе не разговараме кои бои се погодни за ентериер, а кои не, бидејќи не постои разлика. Постои соодветно место за секоја нијанса и боја, па дури и за црвената. Се разбира, употребата на интензивни нијанси како црвените бара малку повеќе размислување и разгледување на нивното влијание врз вашето чувство за благосостојба.

 

1280x850 RED R11 71280x850 RED R24 7

Значењето на бојата во еден простор

Црвената е боја на екстреми - страст, љубов, опасност и гнев. Во домот, црвената е најсоодветна за во кујна или трпезарија, бидејќи промовира дружељубивост, живост и го стимулира апетитот, па не е случајно тоа што често се користи во рестораните. Црвените sидови покрај влезната врата или во ходникот се пријатни и ве покануваат да влезете и да се дружите. Спротивно на тоа, црвената боја не се препорачува за работни места и домашни работни соби бидејќи не поттикнува концентрација или продуктивност. Исто така, треба да се користи ретко во спалната соба, која е простор за одмор и релаксација. Наместо црвени sидови во боја на љубов, изберете црвен мебел и додатоци за да создадете романтична атмосфера што не го нарушува вашиот сон.

 

1280x850 RED R09 71280x850 RED R12 7

Ако сè уште сметате дека црвената боја е премногу интензивна, можете да изберете од широкиот спектар на комбинации на црвена и бела боја - од мека прашкасто-бела до силно розова нијанса. Светлите розови нијанси симболизираат женственост, нежност и мајчинство. Тие се најпогодни за спалната соба заради нивниот смирувачки ефект на одмор и релаксација. 

Во простории каде што сакате да се опуштите и да се релаксирате, користете посветли нијанси на црвена боја, како што се R01-6 или R03-4 според HGMIX картата на бои.

 

1280x850 RED R01 6

 

1280x850 RED R04 3

Ѕидовите во детска соба бојадисани во нијанса R04-3 според HGMIX картата на бои.

Посетете ја веб-страницата на HGMIX за најубавите нијанси на црвена боја.