Создавање домашна канцеларија

Во текот на изминатите 12 месеци, многу луѓе искусија работење на далечина за прв пат. Многу вработени мора да се навикнат да работат во својот дом. Со ваквата „нова нормална состојба“, домашните кујни, дневни соби, па дури и спални соби, преку ноќ се претворија во домашни канцеларии.

27 Ureditev domace pisarne N12 3

Нијанса N12-3 според HGMIX картата на бои.

 

Работењето од дома може да звучи многу пријатно. Работата може да се заврши од софата, па дури и од креветот, во друштво на лаптоп и телефон. На овој начин работат многу луѓе, но не е препорачливо на долгорочен план. За да можете да работите непречено, но пред сè успешно, препорачливо е да имате агол во домот наменет за домашна канцеларија. Се разбира, создавањето домашна канцеларија зависи од вашите потреби и навики, како и од видот на работата.

Еве неколку важни елементи и совети за поставување домашна канцеларија:

 

ЗБИРАЊЕ НА ВИСТИНСКИОТ ПРОСТОР

Избирање на вистинскиот простор за вашата домашна канцеларија е првиот, а можеби и најважниот чекор. Без разлика на тоа дали работите во кујната, спалната соба или целосно одделена просторија, клучно е да пронајдете соодветно место во вашиот дом за да можете да работите продуктивно и успешно. Ќе треба да земете предвид колку простор ви е потребен за вашата работа, нивото на бучава и природната светлина, бројот на потенцијални причини за одвлекување на вниманието, струјните приклучоци итн.

 

27 Ureditev domace pisarne N01 3

Нијанса N01-3 според HGMIX картата на бои.

 

Ако е можно, создадете ја вашата домашна канцеларија во посебна просторија, сместена во потивок дел од вашиот дом, каде што има доволно природна светлина или добро осветлување. Ова значи да избегнете бучни простори, особено ако вашата работа бара потполна концентрација. Создавањето физичка граница помеѓу работата и релаксацијата во вашиот дом е особено важно заради одржување на здрава рамнотежа помеѓу работата и животот.

 

БОИ

Ако се одлучите за бојадисување на sидовите при поставување на домашната канцеларија, изборот на ѕидната боја е најважен. Теоријата на боите сугерира дека одредени бои можат да имаат силно влијание врз расположението и концентрацијата.

Со оглед на потребата да бидете фокусирани додека сте во вашата домашна канцеларија во текот на работниот ден, предлагаме да изберете поголеми монохроматски површини бидејќи тие ќе имаат помало влијание врз вашето расположение и концентрација отколку една боја на помалите, фрагментирани површини. Кога избирате бои, одлучете се за неутрални нијанси што ќе ви овозможат да се сосредоточите на вашата работа.

 

27 Ureditev domace pisarne N13 4

Нијанса N13-4 според HGMIX картата на бои.

 

За да ви помогнеме да ја изберете вистинската неутрална нијанса, ја создадовме карата на бои HGMIX INTERIOR COLLECTION, која ви овозможува лесно да прелистувате низ секоја категорија на бои. Картата на бои ќе ви помогне да ги изберете вистинските неутрални нијанси за вашата нова домашна канцеларија од широк спектар на неутрални нијанси. При изборот на вистинската нијанса на боја, добро е да го земете предвид целиот простор, осветлувањето и комбинацијата на мебелот во просторијата каде ја поставувате вашата домашна канцеларија. Картата на бои може да ја најдете овде.

 

27 Ureditev domace pisarne N09 1 1

Нијанса N09-1 според HGMIX картата на бои.

 

Палетата на неутрални нијанси е прилично основна: бело-бела, крем, светло-сива и темно-сива со малку син подтон. 

 

27 Ureditev domace pisarne N05 3

Нијанса N05-3 според HGMIX картата на бои.

 

МЕБЕЛОТ И УДОБНОСТА ВО ВАШАТА ДОМАШНА КАНЦЕЛАРИЈА

Дома донесовме лаптопи, екрани, телефони и други предмети од работното место. Но, има два важни елементи кои останаа во канцеларијата. Вашиот канцелариски стол и работна маса. За ергономијата претходно се дискутираше во контекст на работното место; сега истата се пресели во нашиот дом, заедно со нашата работа. Следењето на принципите на ергономијата и нејзините технички и технолошки услови обезбедува поголема безбедност и продуктивност и ја поддржува нашата благосостојба. Изборот на ергономски дизајниран мебел обезбедува удобно и, пред сè, безбедно работно опкружување и ја намалува веројатноста за повреди на вратот и 'рбетот. Затоа е од суштинско значење да се избере соодветен канцелариски стол бидејќи повеќето луѓе се во „седечка положба“ во нивната домашна канцеларија.

 

27 Ureditev domace pisarne N07 4

Нијанса N07-4 според HGMIX картата на бои.

 

Работната површина - што е работна маса за повеќето луѓе - мора да обезбеди доволно простор за компјутер и други клучни додатоци. Ако одлучите да купите нова работна маса, важно е да ја земете предвид висината. Денес, голем број производители на канцелариски мебел нудат работни маси со нагодување на висината. Без разлика дали ќе изберете работна маса по нарачка или кујнска маса, осигурете се дека ви е удобна.

 

27 Ureditev domace pisarne N06 6

Нијанса N06-6 според HGMIX картата на бои.

 

За да го искористите просторот во вашата домашна канцеларија максимално, предлагаме да поставите дополнителни фиоки или полици, каде што ќе можете да чувате канцелариски материјали и документи.

За да додадете личен израз во вашата нова домашна канцеларија, може да поставите декоративни елементи, како што се фотографии, слики, сувенири од патувања, итн. Растенијата и цвеќињата можат да бидат убав додаток за вашата домашна канцеларија и да придонесат за општа благосостојба.

 

ОСВЕТЛУВАЊЕ

 

Осветлувањето или изборот на светла е еден од најважните елементи во канцеларијата во домот, а сепак честопати е и еден од најзаборавените. Просторот во вашата домашна канцеларија мора да биде добро осветлен - идеално со природна светлина, најдобриот вид на осветлување - бидејќи светлината е клучна за продуктивноста и мотивацијата.

 

 27 Ureditev domace pisarne N05 1

Нијанса N05-1 според HGMIX картата на бои.

 

Ако во вашата домашна канцеларија нема изобилство на природна светлина поради поставеноста на собата, големината на прозорците, промената на годишните времиња и раното стемнување, или пак вашиот работен распоред, исклучително важно е да изберете соодветни светла.

 

Изборот на правилно осветлување ќе го намали напрегањето на очите, како и можноста за главоболки и замор. Доброто осветлување исто така ја подобрува благостостојбата и креативноста.

 

27 Ureditev domace pisarne N13 2

Нијанса N13-2 според HGMIX картата на бои.

 

ДОПОЛНИТЕЛНА ТЕХНОЛОШКА ОПРЕМА

Технолошката опрема која е најклучна за работниот процес вклучува стабилна Интернет-конекција, компјутер и глушец. Покрај десктоп или лаптоп компјутер, се препорачува да користите дополнителен монитор или екран, особено ако треба да менувате помеѓу неколку програми или документи во текот на целиот ден.  Ако за вашата работа е потребна многу хартија, корисно е да имате печатач.

 

27 Ureditev domace pisarne N05 4

Нијанса N05-4 според HGMIX картата на бои.

 

Сега, кога повеќето состаноци се виртуелни, важно е да имате добра веб-камера и слушалки за дополнително да ја неутрализирате надворешната врева, истовремено олеснувајќи и подобрувајќи ја комуникацијата. 

 

За уште понеутрални нијанси што може да се употребат за вашата нова домашна канцеларија, погледнете во картата на бои HGMIX Interior Colour Collection.