Енергетско осовременување на фасади

Потрошувачката на енергија на зградите во ЕУ претставува дури 40% од вкупната потрошувачка на енергија. Поради тоа, потрошувачката на енергија и употребата на обновливи извори на енергија во зградите се важни мерки за намалување на енергетската зависност и намалување нa испуштањето на карбон диоксид. Сеопфатното енергетско осовременување на зградите може значително да помогне да се намали потрошувачката на енергија и да се зголеми термичката удобност, а истовремено претставува можност за реновирање на зграда и подобрување на нејзината естетика. Овој пат, подетално ќе го разгледаме енергетското осовременување на фасадите со кое, по заменувањето на покривот и прозорците, обично започнува целосното енергетско обновување.

1280x850 facade 

Состав на термоизолациски систем

Фасадата не ја претставува само завршната боја на зградата; тaa е комплетен систем од материјали кој обезбедува долготрајна заштита од надворешни влијанија, структурна заштита, ја намалува потрошувачката на енергија за греење и ладење и ја подобрува термичката удобност. Постојат неколку видови на фасади; најчеста и најдостапна е тенкослојната контактна фасада или термоизолациски систем (TIS). Овој систем се состои од фасадно лепило, топлинска изолација, прицврстувачки сидра, армирачка мрежа, подслој и завршен малтер.

Со квалитетно поставување, целиот систем ќе функционира како координирана целина и ќе обезбеди долг век на траење на фасадата.

 

Spektra TIS TipsTricks Images EN pic 1

Избирање на трмоизолацискиот систем 

Во Helios, имате можност за избор на термоизолациски системи кои се разликуваат главно во видот на термоизолација (EPS или стиропор, EPS GRAFIT  и MW или минерална/камена волна) и во завршниот малтер (акрилен, силиконски, силикатен и силикон-силикат).

Најчестиот избор е исплатливиот систем SPEKTRA EPS classic или SPEKTRA MW premium кој нуди подобра пареопропустливост и дополнителна безбедност од пожар поради камената волна и завршниот силиконски малтер.

 

Spektra TIS TipsTricks Images EN pic 3

Избирање на завршниот слој

Завршните малтери се разликуваат во видот на врзивно средство (акрил, силикон…) и во главните својства што се дадени во споредбената табела подолу. Во принцип, за паропропустлива изолација (со камена волна), логично е да се изберат малтери со повисок степен на паропропустливост; за изолацијата EPS, овој критериум може да се игнорира бидејќи не игра значајна улога.

 

Spektra TIS TipsTricks Images EN pic 6 

Завршните малтери можe да бидат мазни (Z), со вдлабнатини (R) или да се нанесуваат со машина, што дава малку поробусен ефект. Можни се различни гранулации (1,0-2,5 мм), кои на малтерот му даваат различна структура.

 

Spektra TIS TipsTricks Images EN pic 8

 

Дополнителна заштита

1280x850 Top DryЗа дополнителна отпорност на град и при избор на потемни нијанси за завршниот слој, препорачуваме поставување „STRONG“, каде што со двојното засилување се постигнува поголема механичка отпорност на системот. Животниот век на завршните малтери, исто така, може значително да се продолжи со нанесување фасадна боја или при инсталирање на системот или при реновирање. Овогодинешна новост е висококвалитетната фасадна боја SPEKTRA Top Dry со функцијата на исклучително брза дренажа и сушење на фасадните површини по дожд, роса и магла. Како резултат, фасадата останува почиста, а брзото сушење исто така спречува формирање на мувла и алги. Фасадната боја SPEKTRA Top Dry се одликува со висока издржливост на нијансите и, кај потемните нијанси, овозможува употреба на нијанси врз база на IR пигменти, кои остануваат поладни во споредба со класичните темни нијанси на премази. На тој начин, целиот систем и самата зграда остануваат поладни, со што се продолжува издржливоста на фасадата.

Избирање на фасадната боја

1280x850 CC Exterior IR logoВо последниот период, архитектите и корисниците забележаа дека потемните, особено сивите нијанси, стануваат сè попопуларни. Ние генерално препорачуваме светли и неутрални нијанси за фасадите бидејќи потемните се дополнителен товар на фасадниот систем и околината (урбани топлински острови) поради зголемената топлина.

Со избирање на термоизолацискиот систем SPEKTRA, ние исто така им овозможуваме на нашите купувачи да извршат проба, со која ќе можат да го проверат конечниот изглед на саканата фасадна боја.

Во нашата нова карта на бои Exterior Colour Collection сите нијанси се направени од неоргански пигменти, најотпорни на временски влијанија и УВ зрачење.

 

Техничка поддршка  

Реновирањето на фасадната облога е долгорочна инвестиција и значителен финансиски товар. Ви препорачуваме да изберете сигурен и квалитетен градежник кој ќе ги следи техничките упатства, упатствата на производителот на фасадниот систем и ќе инсталира материјали во соодветни временски услови. Честопати, дефектите не се манифестираат веднаш по завршувањето на работата, а последователното осовременување на лошо поставениот систем за греење може да чини скапо. Ве молиме прочитајте го упатството за дополнителни технички информации за инсталирање на термоизолациски системи. Нашите технички советници со задоволство ќе помогнат околу вашиот избор или технички прашања. Можете да им пишете на [email protected].