Фатална комбинација
Што имаат заедничко јасминот и магнетите? Одговорот на ова прашање можете да го најдете на полиците од SPEKTRA внатрешните ѕидни бои. Овој пат, мој пријател го понуди како предизвик неговиот работен простор, којшто се наоѓа во неговата спална соба. Посетата на просторот брзо ја откри дилемата на мојот пријател – на работниот простор му беше потребно нешто што ќе го мотивира да работи на компјутер со голема радост.
Сите знаеме како е да се работи на компјутер кога нашиот кревет е во истата просторија, и нè кани во својата топла прегратка. За спротивставување на ова искушение, избрав две внатрешни ѕидни бои со посебни ефекти за реновирање на работниот простор; SPEKTRA Fresh&Easy и SPEKTRA Magnetic.
Пријатен мирис на јасмин
Со цел да се донесе свежина и карактер во просторијата, најпрво ги бојадисав ѕидовите со SPEKTRA Fresh&Easy внатрешна ѕидна боја. Оваа посебна топла нијанса на бела боја содржи микроенкапсулирана арома што полека се ослободува, испуштајќи долготраен мирис на јасмин во просторијата. Колку фантастична боја!
Магнетна привлечност
Инспирацијата за дезенот ја добив од геометриската ѕидна форма што го краси просторот над креветната плоча. На хартија нацртав шестоаголник и го користев како матрица, околу која поставив дебела заштитна лента.
Откако третиот слој на боја беше целосно исушен, ја отстранив заштитната лента и добив форма која беше добар контраст на белите ѕидови. Нацртав уште еден шестоаголник два центиметри подалеку за да му прави друштво на првиот. Магнетната боја добро се прилепува за ѕидните површини, има мат изглед и што е најдобро, на неа може да прикачувате магнети!
Шестоаголникот добро се совпаѓа со постоечкиот дел над креветот. Фаталната комбинација од инспиративниот мирис на јасмин и магнетната боја се покажа како правилен избор. Работниот простор доби нова површина за прикачување картички и фотографии кои претходно беа расфрлени на бирото.
Магнетните бои се исто така одличен избор за употреба во ходници и детски соби. Покрај тоа што служи како декорација, исто така им дава функционалност на површините, што е добредојдена во секој дом.