Како може да се направи голема промена со еден мал трик
На дневната соба и четирите бели ѕидови во домот на мојот пријател им беше потребно мало преуредување.
Па, барем на еден од ѕидовите му беше потребно освежување, бидејќи сите биле пребојадисани пред кратко време. Внатрешната ѕидна боја SPEKTRA Style, достапна во 11 модерни нијанси на бои, беше совршена за задачата, со оглед на тоа дека е лесна за работа и обезбедува брзи резултати.
Вашиот стил може да го изберете на веб-страницата www.spektrastyle.com, која мене многу ми помогна при изборот на вистинската нијанса за оваа дневна соба - Urban Rock (урбан-рок стил).
ЅИДОТ ПРЕД ПРЕУРЕДУВАЊЕТО
И преуредувањето е наменето за...ѕидот зад телевизорот и декоративните полици.
Главниот член во домаќинството ја надгледуваше мојата работа и го одобри изборот на нијансата. ☺
- Ако ја извалкате облеката, веднаш исперете ја со вода, или уште подобро - бојадисувајте во работничка облека.
- Долгата коса ќе биде најбезбедна ако е врзана во пунџа или репче.
- Здрава и еколошка формула на SPEKTRA Style нема посебен мирис, што значи дека нема потреба од проветрување на собата по бојадисувањето
- SPEKTRA Style е спакувана во практично, правоаголно пакување и нема потреба да се разредува со вода пред употреба
- Валјакот за нанесување може лесно да се измие со вода
Бидејќи имав малку боја, преостаната од претходните проекти за преуредување со Helios, решив да ја искористам на креативен начин.
Започнав со примена на розoва нијанса на SPEKTRA Decor Quarz на платно, па потоа нанесов SPEKTRA Extra во сива и црна нијанса. Откако се исуши првиот слој боја, нежно ја протрив површината за да дојде до израз долниот розов слој.
Сликата што ја создадов беше совршена декорација за дневната соба, и уште повеќе ја нагласи новата нијанса на ѕидот зад неа.
ЅИДОТ ПО ПРЕУРЕДУВАЊЕТО
Уште еднаш се докажа дека и најмалите промени, со малку труд, може да создадат целосно нов изглед на собата.
Посетете ја www.spektrastyle.com и создадете го својот Стил!