Кога Јапонија и Скандинавија се среќаваат во просторот

На прв впечаток, можеби се чини дека Јапонија и Скандинавија немаат ништо заедничко. Но, кога се работи за дизајн на домот, тие се многу послични отколку што мислиме. Нивната естетика се заснова на едноставност, природни елементи и удобност, па затоа не е изненадувачки што сè повеќе дизајнери ги комбинираат двата дизајна и овој изглед го нарекуваат „Јапанди“ (од зборовите „Јапонски“ и „Сканди“).

Japandi 1

Некои велат дека дизајнот во Јапанди стил е комбинација на скандинавската функционалност и јапонскиот рустикален минимализам, којшто создава чувство на уметнички сензибилитет, природа и едноставност. Оваа синтеза е совршена комбинација на функционалност и форми, со акцент на чисти линии, светли простории и бои.

 

Кои се елементите на Јапанди стилот и како јапонскиот и скандинавскиот стил меѓусебно се надополнуваат?

И покрај тоа што се наоѓаат во различни делови на светот, се чини дека постои долготраен афинитет помеѓу јапонските и скандинавските култури за дизајн. И двете ја имаат љубовта кон минимализмот и едноставноста на чистите линии и ја почитуваат вистинската убавина на природните материјали и висококвалитетните парчиња мебел. Обично се избираат нежни, смирувачки и ненападни бои на ѕидовите. Кога се употребуваат светли бои, се избираат софистицирани и прикладни нијанси.

Познавачите на скандинавскиот стил веројатно веќе слушнале за таканаречениот „хиги“ („Hygge“) стил. Тоа е скандинавски концепт на дизајн на удобност и интимност, кој станува сè попопуларен на Запад во последните години. Се заснова на пристапот дека нашиот дом е светилиште кое мора да ни обезбеди чувство на удобност и безбедност секогаш кога ќе влеземе во него. Ако тоа го комбинираме со јапонскиот „ваби-саби“ („wabi-sabi“) или идејата дека убавината произлегува од несовршености, ние создаваме хармонија помеѓу два стила, наречена Јапанди.

 

Japandi 2Japandi 3

Иако двата стила се разликуваат, нивните верзии се надополнуваат. Јапонскиот ентериер е елегантен, додека нордискиот е рустикален. Побогата (но сепак неутрална) боја на јапонскиот дизајн помага при спречување на силните бели ѕидови во скандинавските домови да дадат чувство на стерилитет или студенило.

 

Кога декорираме дом во Јапанди стил, ги следиме следните чекорите:

1) Истражување на нежни топли нијанси и контрастни комбинации  

При избор на ѕидна боја, избегнуваме многу светли нијанси кои даваат стерилен (празен) изглед. Наместо тоа, се одлучуваме за неутрални бои, како што се нијансите N12-1 или N02-4 (според HGMIX картата на бои). Нагласените бои во стилот Јапанди вклучуваат нежни „Scandi“ тонови на светло сива, бледо розова, „светло сина“ и „пастелно зелена“ боја (како што е нијансата G07-3 според HGMIX картата на бои). Можеме да додадеме уште повеќе топлина во просторијата со избор на елементи како што се теписи од природни влакна или мебел изработен од светло дрво.

 

Japandi 4Japandi 5

2) Избирање природни материјали

Дрвото е најчесто избиран материја, но може да се сретнеме и со други природни влакна, како што се бамбус, ратан или хартија, па затоа се обидуваме да ги вметнеме во елементите што е можно повеќе. Кога се одлучуваме за посмел изглед, можеме да поставиме бамбус во позадина или да додадеме плакар од ратан. Комбинирање на светло и темно дрво е добар начин за создавање интересен контраст, а истовремено и вметнување на двете култури на дизајн.

 

Japandi 6

3) Истакнување на едноставноста

Јапанди е ремек-дело на едноставност, па затоа просторите треба да бидат опремени на минималистички и просторен начин за да се создаде чувство на мир. Додатоците и украсните предмети се нетипични и за јапонската и за скандинавската филозофија на дизајнот, па затоа го следиме принципот „ помалку е повеќе“ и вметмуваме само неколку внимателно избрани предмети. Скандинавскиот стил се карактеризира со мазно заоблени предмети, додека јапонскиот стил ги фаворизира утилитарните елементи. Можеме да избереме теписи од овча кожа, кои се исто така многу „хиги“!

 

Japandi 7