Креативни идеи за украсување на детската соба

Без разлика на возраста на детето, детската соба треба да дава чувство на сигурност и приватност. Собата треба да биде украсена и опремена на таков начин што детето ќе сака да игра, да создава, да учи и, секако, да спие во неа. Имајте на ум дека на детето не му е важна големината на просторијата, туку чувството што го дава просторот.

40 Otroska soba 1280x850 naslovna

Родителите најдобро ги познаваат своите деца, па веројатно знаaт каков амбиент ќе ја поттикне разиграноста, креативноста и имагинацијата на вашето момче или девојче и во каков простор ќе се чувствува најдобро. Тоа е она што треба да се земе предвид кога се опремува детската соба и се избира мебелот, домашниот текстил, материјалот и текстурите. Имајте го ова на ум и при изборот на боите на ѕидовите за собата на вашите малечки.

 

За бебињата, родителите обично избираат меки бои кои се основни кога станува збор за детските соби. Сепак, во просторијата можеме да внесеме динамичем елемент, како што се ѕидови во две бои. Кој вели дека целиот ѕид мора да биде бојадисан во една боја? Зошто да не го внесете трендот во дизајнот на ентериер наречен colour blocking во детската соба? Се одликува со смели, контрастни, необични комбинации кои можеби не одговараат за секоја детска соба. Од друга страна, комбинацијата од две пастелни смирувачки бои е секогаш прекрасна. 

 

40 Otroska soba 140 Otroska soba 2

Мали шеми

Како што малите растат и наполнуваат четири или пет години, тие само сакаат да ја покажат својата креативна страна. Ќе бидат возбудени да се вклучат во процесот на украсување или бојадисување на ѕидовите во нивната соба. Погрижете се предизвикот да биде во рамките на нивните способности, но можеби ќе бидете изненадени од она што тие можат да направат. Децата од предучилишна возраст се многу горди на своите соби, а ќе бидат уште погорди доколку придонеле за тоа како изгледа собата.

Малите и нежни шеми имаат неверојатен ефект и лесно се нанесуваат. Сè што ви треба е мала количина боја, идеално малку остаток од боја од претходен проект, четка за бојадисување и матрица или леплива лента. Ако изберете заоблен модел, полесно ќе го нанесете со матрица, која може да се купи или направи дома. Матрицата направена од обична картонска хартија ќе се накисне додека бојадисувате, па затоа е подобро да користите подебела картонска хартија или картон или, уште подобро, пластичен материјал кој е отпорен на влага или боја. На вашето малечко ќе му треба помош: држете ја матрицата на ѕидот за да ја задржи на место и да се спречи размачкување на шаблонот.

Мали геометриски фигури, како што се крстови, може да се насликаат или со матрица или со помош на леплива лента. Меѓутоа, вториот метод одзема многу време бидејќи секој крст треба да се исцрта на ѕидот со лента. Пополнете го нацртаниот крст со вашата избрана боја и користете големина на четка што одговара на големината на шемата. Ако сакате да го вклучите вашиот мал помошник, изберете помала четка за бојадисување бидејќи тоа ќе ја намали веројатноста за преминување на линиите означени со лентата. 

 

40 Otroska soba 340 Otroska soba 4

Ѕидни слики

Можете исто така да побарате од вашите деца да помогнат со навидум посложени ѕидни слики. Некои геометриски ѕидни слики изгледаат сложени, како вистински уметнички дела, но многу од нив не бараат никакви посебни вештини. Најважна е добра подготовка за бојадисување. На пример, мурал со ридски пејзаж.

Користете молив за лесно исцртување на илистрацијата што сакате да ја насликате на ѕидот. Одделете ги деловите од илустрацијата што треба да бидат обоени во иста боја од останатите со леплива лента бидејќи тоа во голема мера ќе го поедностави бојадисувањето. Пред да ги обоите границите помеѓу двата дела во боја, почекајте да се исуши обоениот дел за да спречите мешање на боите. Освен ако ова не е изгледот кој сакате да го добиете.

Сликањето на посебна геометриска форма е едноставно, така што децата можат да се приклучат во оваа задача под будното око на нивните родители. А боите? Прашајте ги вашите деца за идеи, бидејќи тие сигурно ќе знаат какви бои сакаат во нивната соба. Имаат богата фантазија, па може да понудат прилично извонредни идеи. Едно е сигурно: не можете да погрешите со нежни тонови кои го надополнуваат мебелот. Друг сигурен избор е употребата на боја погодна за деца како што е SPEKTRA Active Air. Достапna е во до 500 различни тонови, а нејзината главна особина е тоа што апсорбира хумулен формалдехид, безбоен канцероген гас кој најчесто се наоѓа во дрвените облоги, мебел и домашен текстил како што се тапети и завеси, како и во некои средства за чистење, и го претвора во безопасна водена пареа.

 

40 Otroska soba 540 Otroska soba 6

За умешните

Вештите и креативните ќе си постават повисоки цели. Со малку имагинација, муралот може да биде речиси опипливо парче внатрешен дизајн. Насликајте го ѕидот над креветот, бирото или полиците со иновативни слики во една или две бои за да ја оживеете просторијата. Може да биде илустрација на куќа со дрво до неа. Оваа едноставна идеја има силен визуелен ефект, но бара прилично добри вештини за цртање. Сепак, колку и да сте вешти, секогаш е добра идеја прво да нацртате детали, како гранки и лисја, со молив на ѕидот пред да бојадисувате.

Друга навидум едноставна идеја, која бара нешто повеќе трпение, е убава и безвременска шема со пруги, погодна и за деца од предучилишна возраст и за деца во раните тинејџерски години. Пругите како такви не се тешки за сликање, но подготовките може да потрааат. Откако ќе се одлучите за ширината на секоја лентa, измерете ги и означете ги пругите со линијар или мерна лента и заштитете ги рабовите со леплива лента. Сега, сé што треба да направите е да ја бојадисате просторијата. Моделот е едноставен а полн со можности ако ја ослободите вашата имагинација. Ширината на пругите може да варира и можете да користите само две бои, неколку нијанси од истата боја или повеќе бои за да добиете виножито. Само погрижете се да не се занесете и да заборавите дека ѕидовите треба да го надополнат стилот и бојата на внатрешниот дизајн на собата.

 

40 Otroska soba 740 Otroska soba 8

Ѕидот може да биде магнетна табла

Ако не порано, децата во последните години од основно училиште, да не зборуваме за средношколците, сакаат да бидат автономни и сами да одлучуваат за изгледот на нивната соба. Сакаат да ги истражуваат можностите, да поставуваат постери на ѕидот, да цртаат на ѕидовите итн. Можете да им овозможите да ја изразат својата креативност со SPEKTRA Magnetic, боја која содржи посебен феромагнетски материјал, кој може да направи магнети да се лепат директно на површината на ѕидот. Тинејџерите можат да се забавуваат со идеи; претворете го делот над нивното биро во магнетен ѕид или нанесете ја бојата на секој ѕид во одредена форма каде што лесно ќе може да прикачат цртежи, постери, белешки или пораки. Небото е граница.

Оваа боја е изработена со материјал кој има магнетни својства и е црна, па затоа се користи како основен слој, кој по желба може да се покрие со завршен декоративен слој боја. Валјакот што се користи за нанесување на бојата SPEKTRA Magnetic не треба повторно да се користи за завршниот слој, бидејќи бојата не може целосно да се отстрани и може да го извалка горниот слој.

Друга идеја, сосема различна од магнетниот ѕид, е декорација на ѕидовите со виножито, која исто така ќе им се допадне на тинејџерите. Особено ако сами ја реализираат. Ќе ви требаат различни тонови на бои кои треба да се нанесат на ѕидот во посакуваната форма. За поголема прецизност, користете матрици кои лесно можете сами да ги креирате. Или вашиот тинејџер/ка, кој/а ќе биде неверојатно горд/а на својата креативност и крајниот резултат. 

 

40 Otroska soba 940 Otroska soba 10