Промена на изглед со SPEKTRA Style

Jana Koteska
Jana Koteska

Понекогаш одредена соба се реновира неуспешно повеќепати пред да се добие нејзиниот вистински изглед. Нешто што е едноставно, како избирање на внатрешна ѕидна боја, може да направи голема промена и да има голем ефект на нашето расположение.

Собата пред промената на изгледот

Мојата колешка Сања пред кратко време одлучи да ја реновира нејзината спална соба. Поголемиот дел од ѕидовите ги освежи со бела боја, но одлучи да посвети посебно внимание на ѕидот зад креветот. Бидејќи има неколку сини елементи во нејзината спална соба, одлучи дека ќе ги комбинира со обојување на ѕидот во тиркизно сина боја. Одлуката не се покажа како најдобра бидејќи бојата на ѕидот изгледаше премногу нападна, а собата изгледаше ладна и безлична.

1 600x6002 600x600

Изберете го вашиот стил

Тиркизниот предизвик ми даде совршена шанса да го пробам новиот производ од полиците, готовата внатрешна ѕидна боја SPEKTRA Style. Од веб страната www.spektrastyle.com, јас и мојата пријателка избравме нијанса именувана како „романтична боја на кафе“ меѓу 11 модерни пастелни нијанси. Преминот од ладната сина боја во топла песочна боја изгледаше како идеално решение. Како романтичната боја на кафе се вклопи во новата соба?

2a 1280x896

Модерна промена на изглед

Откако работата е завршена, ќе си бидете благодарни на себеси ако сте ги заштитиле подот и соседниот ѕид, па затоа најдете време да го направите тоа. Ѕидот веќе имаше бел раб под таванот, па одлучив да не го променувам.

3 600x6004 600x600
Тоа што ме воодушеви од SPEKTRA Style е дека е целосно без мирис, и дека можев да ја прекријам нападната тиркизна боја само со еден слој! Бојадисувањето може да биде забавно, особено во добро друштво. Додека чекавме бојата да се исуши, имавме доволно време за готвење и муабетење. Вечерта веќе беше возможно да ја отстраниме заштитната лента.

5 600x6007 600x600

Собата после промената на изгледот

Промената и даде на спалната соба целосно нов изглед. Ладната сина боја беше заменета со топла песочна боја, која во комбинација со сините елементи создаде добар контраст и се доби чувство на удобност и романтика на нежен, ненападен начин. По неколку денови, промената на изгледот се покажа како одлична одлука бидејќи, Сања го потврди првичното чувство и уште еднаш ми се заблагодари. Таа сега се чувствува подобро откако собата е пребојадисана, што значи дека изборот на бои за ѕидните површини на нашиот дом не е толку неважна работа.

9 600x60011 600x600

10 1280x896