Бојадисување ѕидови со интензивни нијанси на бои

Трендот на бојадисување сè повеќе диктираат употреба на силни и интензивни нијанси на бои кои претставуваат вистински предизвик при нанесувањето, но потенцијалните проблеми може да се избегнат со неколку едноставни трикови.

Во принцип, боите кои се одликуваат со добра покривна моќ се во бели и пастелни нијанси. Покрај виоскопокривниот бел пигмент (титаниум диоксид), всушност, тие исто така содржат голема количина на пополнувачи кои го прават премазот подебел и со тоа ја подобруваат покривната моќ. За жал, тоа не е карактеристика на интензивните нијанси на бои, како што се силно црвена, портокалова, жолта или жолто-зелена, кај кои разликите во бојата на површината често се забележуваат дури и по нанесување на неколку слоеви, ако постапката не се изврши правилно.

При избирање на силни и интензивни бои, мора да се земат во предвид нивните физички карактеристики и треба да се очекува помал квалитет на покривната моќ на премазот. Пополнувачите, кои ја подобруваат покривната моќ на премазот, се употребуваат во многу мали количини во интензивните нијанси на бои. Всушност, секој пополнувач има своја „боја“ и тоа може да влијае врз интензитетот на нијансата од крајниот премаз. Молерите го решаваат овој проблем со нанесување на високопокривен премаз во пастелна нијанса од истата боја како посакуваната нијанса. 


Покрај белите, полу-белите или проѕирните, некои премази како што се SPEKTRA latex мат, се исто така достапни во црвена или жолта нијанса. Бидејќи бојадисаната основа има добра покривна моќ, два слоја од посакуваната нијанса се обично доволни за постигнување на прекрасен краен премаз со добра покривна моќ.

 TipsTricks 1 2 Ако сакате ѕидовите да светат во сончево жолта боја, за основен премаз се користи пастелна жолта нијанса.Ова е единствениот начин за таа боја да ја добие  соодветната сјајна нијанса. Без основен пастелен премаз, нема да биде возможно да се постигне добра покривна моќ дури и со повеќекратно нанесување.


Покрај лоша покривна моќ, може да дојде до појава на бели гребнатини, или т.н. „ефект на пишување“ при повлекување на остар предмет врз ѕидната површина, особено на мат површините бојадисани со интензивни бои.

Пигментите во сјајните премази се опкружени со врзувач, додека пигментите во мат премазите лежат слободно на површината, што предизвикува нивно движење настрана во случај на гребење и белите пополнувачи стануваат видливи. За спречување на „ефектот на пишување“, се препорачува употреба на сјаен премаз за интензивните нијанси на бои. Дури и кај свиленкасто-сјајните премази, како што е SPEKTRA latex полумат, овој проблем повеќе не се појавува. Премази со мат изглед може да се заштитат со SPEKTRA Domflok Matt. Ова е проѕирен премаз со силно врзувачко дејство којшто го покрива пигментот и го штити премазот од гребење.

shutterstock 697121038 miniЗа бојадисување со интензивни нијанси на бои е потребно искуство, но нема потреба целосно да ги избегнувате. Изберете сјаен премаз и нанесете ја основната пастелна боја во посакуваната нијанса, слична на нијансата на боја што сакате да ја добиете, или изберете нијанса од боја. Дозволете им на ѕидовите да сјаат со нивниот нов изглед и да станат дел од нова приказна.