Бојадисување на детската соба заедно со Вашите деца

Обично кога се преселувате во нов дом, ѕидовите се претходно обелени или бојадисани од декоратори.  Но, по неколку години, кога им е потребно пребојадисување, ние честопати сами си ја завршуваме работата. Ова особено се случува кога се одлучуваме да пребојадисаме само една соба. Честопати, тоа е детската соба, бидејќи малите, млади уметници наскоро откриваат дека ѕидовите на нивната соба се всушност платно за изразување на нивната креативност!

24 Barvanje otroske sobe R23 524 Barvanje otroske sobe O23 5 G01 5

Да бидеме целосно искрени, најбрзиот и најдобриот начин да се обезбеди квалитет би било сами да ја обоиме детската соба.  Дефинитивно би било полесно! Но, сите знаеме дека во суштина, најверојатно ќе ја бојадисаме со трагите од малите стапала што се шеткаат околу нас.

Децата често сакаат да помогнат за бојадисувањето на сопствената соба, во зависност од нивната возраст. За оние меѓу Вас, со мали деца на возраст од 3 до 5 години, тоа може да биде ситуација во која нема што да се изгуби, каде што можете да внимавате на нив додека тие се воодушевени што учествуваат во активност за возрасни.

Ако сте опуштени, можете да им дадете дел од ѕидот којшто ќе го бојадисаат на свој начин, или вашето дете може да ви биде помошник. Дајте им четка или валјак, па оставете ги да „креираат“ на ѕидот, којшто подоцна ќе можете да го пребојадисате. Или, може да бојадисуваат со четка до вас додека вие работите со валјакот. Неверојатно е колку долго бојадисувањето го држи детето преокупирано! Моментално, за детска соба се многу популарни O25-3 и O13-2 бои.

 

24 Barvanje otroske sobe O25 324 Barvanje otroske sobe O13 2

Како и за сè друго кога се во прашање нашите деца, ќе ви треба трпеливост, надзор и основни правила. Сите активности траат подолго кога се вклучени и децата, па затоа бидете трпеливи.

Започнете ја работата без вашето дете.  На тој начин ќе можете да се фокусирате на подготовка на ѕидовите и нанесување на првиот слој боја. Не бојадисувајте додека бојадисува вашето дете. Не давајте им ја четката или валјакот без надзор.  Надгледувајте ги и помагајте им.

Вие треба да ја истурите бојата во садот. Како што знаете, малите деца сè уште немаат добро развиено чувство за истурање. Не му дозволувајте на вашето дете да одлучува колку боја треба да се истури во садот. Вие истурате; вашето дете бојадисува.

Вашата улога како родители и старатели е контролирање на квалитетот.  Откако на вашето дете ќе му дадете можност да го бојадиса својот дел од ѕидот, можете да го пребојадисате. Валјаците се тешки и на децата им е тешко да ги притискаат на ѕидот за рамномерно бојадисување. Можете да му дозволите на вашето дете да го бојадиса својот дел од ѕидот со валјак, и потоа вие да го пребојадисате.

Поставете некои основни правила пред да започнете.  Вашето дете треба да слуша за да му покажете како да бојадисува! Можете да го бојадисате горниот дел од ѕидот додека вашето дете го бојадисува долниот. Осигурете се дека вашето дете не го остава валјакот долу или не го допира никаде освен на рачката. Децата исто така мора да внимаваат да не го допираат валјакот на ништо друго во собата. Кога ќе завршат, може да ви го вратат валјакот. Вашето дете треба да го држи валјакот цврсто, со двете раце. Едната рака на рачката, а другата на прачката што го држи валјакот. Вака ќе им биде полесно.

Ако сè уште имате енергија и креативност по бојадисувањето на просторијата, со вашето дете можете дури и да нацртате неколку слики на sидовите, на пример облаци. Тие се многу популарни, а и лесно се цртаат бидејќи имаат неправилна форма и секој облак ќе изгледа реалистично. Белите облаци доаѓаат до израз на нијансите на B01-3 и N06-3 боја.

 

24 Barvanje otroske sobe B01 324 Barvanje otroske sobe N06 3

Бојадисувањето ќе претставува уште полесна и поопуштена активност со млад тинејџер. Неверојатно е да се види колку децата сакаат да помагаат, особено кога претходно се вклучени во изборот на нијанса. Нема потреба да ја следите традицијата и да ја обоите собата за девојче во розова боја, а собата за момче во сина. Бела соба со светли додатоци одговара и за девојчиња и за момчиња. Ако вашето дете избере многу силна боја, можете да направите компромис со тоа што ќе обоите само еден ѕид во таа боја, додека другите sидови ќе останат во неутрална нијанса. Не плашете се од модерните нијанси на Y23-5 и B05-6.

 

24 Barvanje otroske sobe Y23 524 Barvanje otroske sobe B05 6

Тинејџерите ќе бидат задоволни да изберат боја на ѕид за нивната соба и исто така ќе имаат одговорност сами да ја бојадисаат. Моментално, популарни се R09-5 и N11-5 нијанси на боја.

 

24 Barvanje otroske sobe R09 524 Barvanje otroske sobe N11 5