Скандинавски стил на дизајн на ентериер

Опремување стан започнува со донесување на многу одлуки и одговарање на многу прашања; потребно е да се посвети внимание на сите детали за секоја посебна работа, мала или голема. На пример, голем стан би се опремил различно од мал, којшто претставува посебен предизвик поради ограничениот простор што е на располагање. Исто така, потребно е многу повеќе внимание и рационалност. 

Постојат различни стилови на дизајн на ентериер кои може да се применат при опремување на еден дом. Од поп-арт и ретро, па до холивудски стил... зависно од личниот избор. Кој е вашиот омилен стил?

Подолу претставуваме еден од најпопуларните стилови во последно време - скандинавскиот стил.

Како што сугерира името, потекнува од Скандинавија, во која спаѓаат Данска, Норвешка и Шведска, понекогаш и Финска, Исланд и Фарските острови. Стилот може да се опише како комбинација на минимализам, внимателно избрани бои и природни материјали. Претставува одличен избор за сите димензии на внатрешен простор. Убавината на скандинавскиот дизајн не беше призната до 1950-тите, но оттогаш, овој минималистички европски дизајн стана познат и омилен. Се заснова на принципот „less is more“ („помалку е повеќе“). Скандинавците создадоа уникатен мебел и предмети за внатрешна декорација. Стилот се одликува со елеганција, едноставност, топлина, свежина, сензуалност и чистота. Домот декориран во скандинавски стил е модерен, минималистички, светол и отворен.

Ова се неколку карактеристики на скандинавскиот стил кои може да ве инспирираат:

 

1. БОИ

Скандинавските зими се долги, па затоа не е изненадување што во скандинавските домови доминираат светлите бои за да се надомести недостатокот на дневна светлина. Затоа, палетата на бои е едноставна: од снежно бела до жолтеникаво-бела, беж, светло сива и светло сина. Има и траги од светла (мека) зелена боја. Оваа шема на бои е речиси сопствен бренд на скандинавскиот дизајн и една од најголемите инспирации. Сепак, во последно време, некои скандинавци не се придржуваат само до ненападните и помирните бои; тие исто така користат похрабри бои или моќни и шарени графички принтови.

 

Scandinavian style shades 1 opt

Совет: За максимално нагласување на скандинавскиот стил, бојадисајте ги просториите, како што е кујната или купатилото, со бела боја и комбинирајте ги со црни додатоци (лустер или мал декоративен предмет) за дополнително да се истакне белата боја. Картата на бои може да ја најдете овде.

 

Пример на графички принт комбиниран со нијансата W11-2 на HGMIX картата на бои. 

Scandinavian style new 

2. МЕБЕЛ

Мебелот е едноставен и елегантен, обично изработен од природно дрво во светли нијанси како што се бреза, бука, јасика; може да биде и бел бор или бор бојадисан во бели и крем-нијанси. Може да има и мебел во светло сива или светло сина боја, но истиот е обично без украси, превиткувања или гравури. Или пак, мебелот се вклопува во просторот и не доминира.

 

Ако сакате да додадете силни бои, може да изберете помека нијанса на ѕидна бои, како што се N04-3 и W03-4, според картата на бои HGMIX.

Ако сакате да ја разбиете белината и да бидете похрабри, може да изберете посилни нијанси, како што е B03-6.

Scandinavian style B05 6

Скандинавското чувство може да се долови со шведски антички часовници, лустери од кристали и заоблен рустикален бел дрвен мебел. А за да добиете скандинавска елеганција, потребно е античко парче мебел или декоративен додаток.

 

3. СВЕТИЛКИ И ДОДАТОЦИ

Скандинавскиот дизајн на ентериер става посебен акцент на осветлувањето. Обично вклучува голем број на лустери, ѕидни и столни ламби. Светилките имаат едноставна форма и често се во црна или некоја друга силна боја. Исто така, многу се користат свеќници и свеќи кои се распространуваат низ домот. Стаклени додатоци, како што се вазни и длабоки садови со едноставни линии даваат чист и просторен изглед. Се разбира, кога станува збор за скандинавскиот стил, не можеме да заборавиме на плетените корпи, кои се поставени на видливи места и се користат за складирање весници, книги, играчки, кујнски прибор итн.

 

Нијанса B09-7 според картата на бои HGMIX. 

Scandinavian style B09 7

Нијанса N13-7 според картата на бои HGMIX.

Scandinavian style N13 7

А каминот е скоро неопходен кога зимите се толку долги и студени. Според скандинавскиот стил, ова значи поставување на повеќе камини чија основна цел е да произведуваат топлина. Истите не треба да имаат централна позиција во просторот, бидејќи функционалноста не е во преден план во модерните скандинавски домови. Како резултат на тоа, дизајнот и изгледот на каминот е послободен и иако е фокусна точка, сепак се поставува во аголот на просторијата.  

Комбинирајте ги каминот и додатоците со нијанса според картата на бои HGMIX.

 

4. ТКАЕНИНИ И ПОДНИ ПРЕКРИВКИ 

Стилот ја нагласува просторноста, едноставноста и минимализмот, а ова правило важи и за мотивите на ткаенините, тапетите и теписите. Подните прекривки обично се рустични даски кои се бојадисани бели или во нијанси на бела боја. Ваквите подови даваат чувство на отвореност, чистота и просторност, а вниманието се пренесува на дизајнот на ентериерот и архитектонските карактеристики. Теписи во светла боја со шарена или цветна шара се вообичаени.

Ткаенините се природни и со едноставни шари (на пр. пругасти), минималистички и во светли бои. Најчесто се користат на перничиња, салфети и завеси.

 

Нијанса W01-1 според картата на бои HGMIX.

Scandinavian style new2

За уште покреативна инспирација и нијанси што можете да ги употребите, Ве молиме погледнете ги другите нијанси во картата на бои HGMIX Interior Colour Collection.