Палета на бои за оваа пролет
2020 беше година на реновирање и подобрување на нашите простори за живеење. Повеќето од нас поминаа неверојатно многу време дома и вложија време и енергија во најмалку еден мал проект за подобрување на домот. Желбата за и трендот на поубави и освежени простори, каде што продолжуваме да поминуваме голем дел од нашето време, продолжуваат и во пролетта. Можеме да ја пречекаме стилски, со вистинските комбинации на бои.
Трендовите на модерни бои за ентериер брзо се менуваат, воведувајќи нови комбинации и акценти во просторот и неговите декоративни елементи. Контрастните нијанси на оваа пролет се полноќна сина и пригушенa кедар-зелена боја; во комбинација со пастелни нијанси, тие создаваат многу разиграни мешавини за внатрешен дизајн. Со смело користење на овие нијанси, вашите простории ќе изгледаат модерно дури и по неколку години по реновирањето.
Пригушена зелена-кедар е смирувачка нијанса, идеална за украсување и создавање привлечна, пријатна и прекрасна бања. Одлично одговара со сите нијанси на бела, елегантно песочна, пастелно жолта и топло кафава боја. Деталите во песочно-пастелните нијанси се совршени за истакнување парови на зелена и сива, зелена и бела или зелена и кафеава боја.
Природата е најдобра инспирација за создавање избалансирани и хармонични шеми на бои за внатрешен дизајн. Природните бои околу вас ќе ви помогнат да се чувствувате пријатно и удобно. Нашата пролетна шема на бои од зелени, сини и пастелни тонови е инспирирана од лековито алое, длабоко море и светло дрво; зелените нијанси и пастелните бои од природно дрво создаваат смирувачка спална соба и релаксирачка и интимна околина. Ѕидот обоен со зелена боја е погоден за сите стилови на внатрешен дизајн, од потрадиционални до модерни и минималистички решенија. Спротивно на популарното мислење, смирувачката зелена боја е навистина погодна за употреба во простории каде што се одмараме.
Мирни, земјено-неутрални тонови во комбинација со смирувачки зелен акцент ќе ни го овозможат почетокот што ни е потребен на сите оваа година и ќе ни помогнат да го ослободиме домот од минатогодишниот стрес. Зелениот акцент го дава овој елемент на свежина, што ќе го најдете во нашата карта на бои HGMIX со код G04-5. Со своите обновувачки и смирувачки својства, создава чувство на удобност, стабилност и спокојство, притоа задржувајќи го просторот пријатен, интересен и привлечен. Тој е одличен партнер за монохроматски пастели и за бели, црни и кафеави тонови. Оваа комбинација предизвикува чувсто на бујна вегетација и спектакуларни природни пејсажи. Зелената боја е особено елегантна со дрвен мебел во посветли тонови.
Оваа зелена нијанса е идеална за sидови; неутралните и пастелните нијанси се совршени за мебел и украси, бидејќи зелената боја ги прави поживописни и подинамични. Се разбира, улогите на sидовите, украсите и домашниот текстил може да се променат. Во тој случај, изберете зелена постелнина и неутрални ѕидови во N01-2 и N02-2, или пастелна W06-4.
Полноќната сина нијанса е прекрасна, многу елегантна и одлична за простории на кои им е потребен елегантен и смирувачки изглед. Декоративни перници, постелнина, тапациран мебел, завеси или теписи во пастелни бои ќе ја надополнат и нагласат оваа елеганција. Оваа комбинација обезбедува релаксирачка, мирна и елегантна атмосфера во собата. Природни светли нијанси на дрвен мебел, со темносиниот ѕид што делува како прекрасна позадина, внесуваат топлина во просторијата и ги усогласуваат просторите за живеење.
Избраната сина B12-7 е длабока и импресивна, мистериозна и инспиративна. Претставува еден од модерните трендови на бои за оваа година. Темно сината може да се комбинира со магливи пастели, бели, сиви и црни нијанси за создавање на многу мирни и стилски шеми на бои. Сините тонови се убави и разновидни; тие даваат чувство на леснотија, смирувачка свежина и длабочина во елегантниот и удобен ентериер на просторијата.
Спротивно на популарното мислење, темно сината е погодна и за бојадисување ѕид во детска соба. Обично посегнуваме по стереотипни бои како светло сина, розова и жолта. Темносиниот ѕид во комбинација со светли додатоци ќе ѝ даде карактер на просторијата, без да ѝ ја одземе младоста и разиграноста. Ако сакаме да ја направиме детската соба понеутрална, ја избираме неутралната нијанса N02-2 за бојата на идот.