Топ три нијанси на бои за бања
Бањите поплочени од подот до таванот се дел од минатото. Денес постојат огромен број интересни решенија за внатрешен дизајн за зачинување на нашите интимни простори. Дрво, бетон, стакло, камен и винил се само неколку од алтернативите за плочки во модерен ентериер. Но, ѕидните бои се едно од најприфатливите и воедно наједноставните решенија. Во споредба со другите материјали, бојата е ефтина, а за нејзино нанесување не се потребни посебни вештини. И кога сакате да ја промените бојата, реновирањето е ценовно достапно и лесно за изведба.
Дали бојадисувањето на бањата е навистина практично решение? Апсолутно! Но, внатрешната ѕидна боја треба да биде внимателно избрана. Безбеден избор се боите за специјална намена кои комбинираат биоцидни својства (кои спречуваат појава на мувла) и го инхибираат формирањето на кондензација, што ги прави погодни за простории изложени на голема количина на водена пареа. Внатрешната ѕидна боја SPEKTRA Kitchen & Bathroom, како што сугерира името, е соодветна за употреба во бањи и кујни.
Сивите нијанси на sидовите во бањата прекрасно но суптилно ја нагласуваат белината на мебелот и приклучоците за бања, а во комбинација со соодветен под, тие даваат изглед на безвременска елеганција.
Зелената боја во бањата симболизира враќање кон природата и автентичност, а истовремено совршено се комбинира со цветни дезени на другите елементи, од плочките до текстилот за бања. Во доволно осветлени бањи, растенијата во саксии можат да создадат зелена оаза; во бањи без прозорци, може да постигнете сличен ефект со вештачки цвеќиња или украси направени од исушени цветови.
Внимателно избрана розова боја може да одговара многу добро во бањата. Пудресто и пригушено розови нијанси добро се комбинираат и со светол и со темен мебел за бања, и суптилно ги надополнуваат и нагласуваат поинтензивните геометриски шеми на плочките и другите украси.
Иако бањата е посебен и интимен простор во домот, сепак е логично да се поврзе нејзината боја со заедничката приказна на другите простори за живеење. Овие нијанси се прилично неутрални и лесни за комбинирање, но сепак е можно да не одговараат на концептот во вашиот дом. Во тој случај, нијансата што ви одговара дефинитивно ќе ја пронајдете во картата на бои HGMIX.