Црна - кралица на боите
Мистериозна е.Софистицирана и моќна, смела и формална. Според старата кинеска филозофија на фенг шуи (feng shui), црната боја е добредојдена во просторот бидејќи ја поттикнува креативноста и дава чувство на длабочина. Предизвикува многу силни емоции. Во психологијата на боите се смета за боја на авторитет, моќ, емоционална стабилност и сигурност. Црната боја претставува предизвик, но тоа не е причина да се исклучи од внатрешниот дизајн.
Во модната индустрија, црната боја се смета за елегантна; во автомобилската индустрија, зрачи со моќ. Но, во внатрешниот дизајн има различен статус. Иако е популарен избор за мебел и додатоци за домот бидејќи лесно се комбинира со други бои, црната сепак се смета за премногу силна и непожелна боја за ѕидови. Поради овие карактеристики, црната боја треба внимателно да се употребува во просторот.
Само граница
Голема предност на црната боја е тоа што одлично се вклопува во различни стилови на внатрешен дизајн: модерен, класичен, рустикален, винтиџ, индустриски… Ако се осмелувате да додадете црна боја на ѕидовите, внимавајте на количината бидејќи ова е силна и интензивна боја.
Едноставна, но прекрасна идеја што може брзо да се спроведе е нанесување на континуирана црна лента, со која било ширина, преку сите ѕидови во една просторија. Овој атрактивен и елегантен декоративен елемент е исто така навистина лесен за вметнување. Употребете самолеплива лента за да ја обележите линијата, нанесете ја бојата во два слоја и оставете да се исуши.
Бидете креативни - можете да нацртате една подебела лента или две потенки паралелни ленти под таванот или над крајните летвички. Врамете ја предвидената лента со самолеплива лента за да се осигурате дека линиите се прави и правилно обоени.
Црн ѕид
Големите, светли простории или отворените поврзани соби може да поднесат поголема количина црна боја на нивните ѕидови. Во дневната соба, на пример, можете да го бојадисате ѕидот зад софата, ѕидот до помошната масичка или полицата за книги, или пак можете да бојадисате само дел од ѕид. За темни нијанси како црна и темно сива, користете SPEKTRA Latex Matt која е погодна за оптеретени ѕидни површини. За најдобар можен ефект на многу оптеретени ѕидови, врз бојата нанесете SPEKTRA Domflok во посакуваниот степен на сјај: Semi-matt или Matt.
Со црна боја, нема потреба да се грижите за усогласување со други нијанси. Добро одговара со практично секоја боја или нијанса: бела, сива и поживописни нијанси, и секако земјени тонови, особено природно дрво. Главната грижа за црната е во колкава мера може да се употреби во просторот (на ѕидот) без истиот да биде „задушен“ и оптички многу помал.
Секако, возможно е црната да се замени со посветла боја доколку се предомислите по некое време. Лесно може да ја обоите површината со нова боја; можно е да биде потребно да се нанесат дополнителни слоеви за подобра покриеност.
Црни елементи
Иако е едноставна за комбинирање со други бои, црната на големи површини не е за секого. Сосема е различно кога црната боја се нанесува во помали количини на мебелот и додатоците за домот; ова внесува софистициран, елегантен и драматичен елемент во просторот. Дали некогаш сте размислувале да ги бојадисате рамките на прозорците? Или оградата? Можеби полицата за книги или помошната масичка покрај каучот во дневната соба? Или да ги освежите кујнските шкафови? Еден мал креативен подвиг може да трансформира парче мебел, а со тоа и целокупното чувство во еден простор.
Заштитете го делот околу избраната површина и започнете со подготовка за бојадисување. Елементите мора прво да се исчистат со антисиликонски одмастувач, потоа да се избрусат и да се исчистат од честичките прашина. Потоа може да се нанаесе заштита, со употреба на TESSAROL АКРИЛ ОСНОВНА БОЈА UNI за метал или дрво, проследена со краен слој врз база на вода од TESSAROL АКРИЛ ЕМАЈЛ, сјаен или сатен (полумат). Неменет е за квалитетна декорација и заштита на метални и дрвени површини, како што се прозорци, врати, огради, дрвени облоги, едноставни конструкции и едноставен мебел во внатрешни простории. Откако бојата ќе се исуши, избрусете го слојот и повторно нанесете ја бојата со синтетичка четка или со валјак од микрофибер.
Модерно купатило
Иронично, придобивките од црната боја најдобро се искористуваат во мал простор – во купатилото. Црно-белите плочки се модерни и елегантни. Со неколку црни додатоци и црн ѕид обоен со боја за внатрешни ѕидови SPEKTRA Latex Matt, вашето купатило ќе биде спремно да се објави во списание за внатрешен дизајн.
Додавање текстура на бојата
За да додадете текстура на ѕидот во боја, можете да ја користите декоративната техника DENIM. Препорачуваме две или повеќе лица да ја извршат оваа работа, во зависност од големината на површината. Додадете 20% SPEKTRA Latex Matt во нијанса на подлогата на SPEKTRA Domflok Matt и со валјак нанесете го на претходно подготвената површина во еднаква дебелина. Прво е лицето што го нанесува лакот на површината; потоа следи лицето кое ја нанесува шемата. Растојанието помеѓу нив не смее да биде поголемо од еден метар. По првите два метри, проверете ја површината за да видите дали шемата е еднолична и направете корекции по потреба.
Потоа креирајте шема со декоративна мистрија. Започнете со сликање на шемата во еден агол, користејќи мистрија за да направите средно-силен вертикален потег со мистрија на свежо нанесениот SPEKTRA Domflok лак. Вертикалниот потег ќе создаде шема на ткаенина. Завршете го потегот најмалку 50 см над земјата; направете потег од дното нагоре за да ги споите двата и да создадете прекрасна шема по целата површина. Откако ќе завршите, веднаш измијте ги алатите со вода.
Покрај декоративната техника DENIM, уште еден интересен ефект се постигнува со SPEKTRA Decor Topaz (gold/silver), премаз соодветен и за мали и за големи ѕидни површини, додека другите украсни техники може да бидат потешки за имплементација. Овој декоративен премаз врз база на вода го засилува металниот рефлективен ефект што создава кобинација од античка уметност и модерен дизајн во просторот. Крајниот изглед на површината во голема мера зависи од вашата сопствена инспирација и од тоа како ќе го нанесете премазот со широка четка во вкрстена техника во сите правци, за да обезбедите рамномерно преклопување на груби и мазни површини со метален одраз.