Ваби-саби - јапонски стил на внатрешен дизајн кој ја прифаќа несовршеноста

Спротивно на западните идеали кои диктираат совршенство, древната јапонска филозофија Ваби-саби наоѓа убавина во секој аспект на несовршеност. Ваби-саби поттикнува отстапување од постојаната потрага и опсесија со совршенство што ја доживуваме во нашите односи, достигнувања, поседување материјални работи, физички изглед и внатрешен дизајн.

Wabi sabi N11 3 compressed fb

Што е Ваби-саби?

Ваби-саби е многу влијателен јапонски концепт кој ја потенцира идејата дека „помалку е повеќе“ и ја цени естетиката на несовршеност во природата. Оваа јапонска филозофија се состои од два посебни концепти. „Ваби“ (Wabi) првично се однесувал на самотниот живот и осаменоста на животот во природа; подоцна го добил значењето на едноставност, нестабилност, недостаток и несовршеност. „Ваби“ изразува благодарност за убавината на скромноста и рустикална едноставност.

 

Wabi sabi R02 2Wabi sabi N12 1

„Саби“ порано го опишувал ефектот на стареењето или распаѓањето. Со други зборови, „саби“ го означува влијанието на времето врз предметите, најлесно замислено како премин од едно годишно време во друго или како стареење на одделни предмети или тела. Наједноставен начин да се претстави „саби“ е како уникатен знак на стареење. Кога двата термина ќе се комбинираат, тие создаваат сеопфатен концепт за вреднување и благодарност за едноставни, реални, но минливи животни состојби и форми.

Ваби-саби во домот 

Убавината на чистотата, минливоста и несовршеноста на Ваби-саби е спротивност на класичната перцепција на западната дефиниција за убавина, која се смета за совршена, трајна и монументална, како и за материјалистичка опсесија. Применувањето на филозофијата Ваби-саби не мора да подразбира ангажирање дизајнер на ентериер, станување експерт во јапонската култура или живеење како будистички монах. Убавината на Ваби-саби е во тоа што не постои погрешен начин за да ја инкорпорирате во вашиот живот и дом.  

Усвојувањето на филозофијата Ваби-саби подразбира промена на вашата перспектива како личност. Треба да ви помогне да создадете посреќен дом каде што ќе се чувствувате позадоволни и да ја елиминирате желбата за материјални работи. Ваби-саби ви овозможува да ги прифатите нештата онакви какви што се во вашиот секојдневен живот, и покрај нивните несовршености. Истовремено, треба да придонесе за едноставноста, спокојството и мирот во вашиот живот.

 

Wabi sabi G05 333 Wabi sabi N05 5

Не е потребно ве обзема шопинг лудило за украсување во стилот на Ваби-саби; не ви е потребно ништо ново за редизајнирање на вашиот дом.  Јапонската филозофија ја цени природата, затоа обрнете посебно внимание на материјалите што ги носите во вашиот дом. Преовладуваат дрвени, камени и метални елементи и додатоци, кои не само што се естетски пријатни туку и добро стареат.

Во вашиот дом веќе се кријат некои додатоци, кои можеби едноставно не сте ги забележале! При изборот на додатоци преовладуваат принципите на функционалност, минимализам и едноставност. Исто така, има голем акцент на личните предмети што можат да ја раскажат вашата животна приказна. Пребарајте ја фиоката во кујната, каде што можеби ве чека стар 'рѓосан нож или некој друг предмет изработен од железо, месинг или бакар. Неговите несовршености ги раскажуваат приказните од долгогодишната употреба. Можно е да налетате на оштетена вазна, сад, чинија или саксија во вашиот подрум или поткровје. Сите знаци на употреба или „рани од времето“ се ценети во стилот Ваби-саби. Ако сепак одлучите да купите нови додатоци за вашиот редизајн, препорачуваме да изберете одржливи, квалитетни, рачно изработени или винтиџ производи и материјали.

 

Wabi sabi B11 3Wabi sabi N01 2

Кога станува збор за избор на мебел, нема ограничувања бидејќи Ваби-саби овозможува и посветли бои и модерен изглед и форма на мебел. Античките додатоци или мебел можат совршено да се вклопат со модерни елементи и минималистички мебел. Овој тип на мебел ги спојува несовршеностите и асиметријата на мебелот и додатоците во атрактивен и пријатен простор. Ваби-саби нагласува дека просторот за живеење мора да биде удобен и дека во него ќе се чувствувате добро. Перничињата се одличен начин за да додадете удобност. И не заборавајте да вклучите разновидни растенија што ќе донесат дополнителен ефект на живост во просторот.

За време на редизајнирањето, исто така, можете да одлучите да ги „зачините“ sидовите; при изборот на боите, побарајте инспирација во природата. Така ќе имате голем избор, од нежно розова или беж до смирувачка сина и зелена боја. Можете исто така да се одлучите за малку поинаков пристап со декоративните техники и премази SPEKTRA DECOR RUST/COPPER. Основната боја е соодветна како за нови ѕидови така и за обновување на стари ѕидни површини.

 

Wabi sabi SPEKTRA RUST COPPER Wabi sabi SPEKTRA RUST COPPER 01

Тие можат да помогнат да се создаде уникатен изглед за внатрешните ѕидни површини во вашиот дом, давајќи им изглед на природно стареење, директно во согласност со стилот Ваби-саби. Со оваа декоративна техника можете да креирате изглед на 'рѓосано железо или оксидиран бакар, како и да создадете различни фази на процесот на 'рѓосување или оксидација. Нанесувањето на SPEKTRA DECOR RUST во комбинација со SPEKTRA DECOR ACTIVATOR на вашите ѕидови ќе им даде рустикален ефект и изглед на железо што 'рѓосало поради изложеност на природни атмосферски влијанија. Ако сакате да внесете топлина во одредена просторија, препорачуваме да користите SPEKTRA DECOR COPPER, што ќе им даде на sидните површини бакарен ефект на патина по нанесување на оксидирачкиот агенс SPEKTRA DECOR ACTIVATOR. Ова претставува прилично неконтролиран процес на оксидација, така што конечниот изглед е речиси неповторлив и затоа уникатен. Ако сакате поубав и поприроден ефект на 'рѓа или оксидирана површина, не претерувајте со употреба на активаторот.

 

33 Wabi sabi RUST COPPER2

По желба, исто така можете да ги комбинирате двата премази и да ги претворите вашите sидови во огромно и уникатно платно за сликање. Изборот на природни бои и уникатни текстури ќе создаде релаксирачки и интимен дом. Повеќе за декоративната техника SPEKTRA DECOR RUST / COPPER може да дознаете овде: https://www.youtube.com/watch?v=MkLHM3GTleQ