Кога хостелот прераснува во хотел

Jana Koteska
Jana Koteska

Со задоволство ја прифатив поканата за советник при реновирање на собите во Корте Хостел. Гостите во овој објект се најчесто млади семејства и парови кои уживаат во пешачење и велосипедизам низ прекрасната природа.

slika 1 600x400Корте е мало населено место во словенечката област Истриа, во кое моментално се заљубувате поради тивката околина и живописната природа. Со цел да им се понуди совршен одмор на гостите, сопствениците одлучија да ги реновираат просториите и да создадат совршен амбиент, да додадат цреша на врвот од одморот што го нуди прекрасната природа.

slika 4 600x400Овој пат одлучив на ја дополнам светлата нијанса на боја со рабови во боја од маслинова гранка во светло маслинеста нијанса (код HG063).

slika 7 600x400Да послужи како ноќно ормарче, избрав две мали масички и им додадов масичка за дневна соба веднаш до каучот. Бојадисав една третина од секоја ногарка со истата нијанса како маслиновата гранка. Употребив Tessarol акрилна боја за дрво

slika 8 600x400Сакав да го отстранам чувството кај гостите дека се наоѓаат во студентски дома, и да го направам изгледот на собата колку што е можно поблизок до вистинска хотелска соба. Идејата беше собата да добие удобен и релаксираччки изглед, и да биде во хармонија со околината.

slika 6 600x400Ја заменив доминантната зелена боја со песочни нијанси, притоа задржувајќи ја за детали и други додатоци. До висина од 220 цм, ги бојадисавме ѕидовите со светло кафеава боја SPEKTRA Latex mat, код G116. Останатиот дел од ѕидот беше бојадисан со малку посветла нијанса на боја, код F113.

slika 5 600x400Приборот за цртање на маслиновата гранка беше рачно изработен и користев посебна округла четка и техника на тапкање за да ја пренесам шемата на ѕидот. Процесот беше долготраен и морав да се осигурам дека не нанесувам премногу боја на четката бидејќи може да протече.

Но, крајниот резултат го оправда вложениот труд.

SLIKA 9 1280