Паметен термоизолациски систем
Развојот на заштита на декоративната бојата до одреден степен е воден од законодавството, но ние исто така развиваме производи со својства кои на различни начини придонесуваат за ефективни, економични, здравствени и еколошки решенија за декоративна заштита на ѕидни, дрвени или метални површини. Комплетот со одржливи решенија од Helios во полето на декоративни премази вклучува и термоизолациси премази за внатрешни ѕидови кои претставуваат комбинација од декоративните и функционалните својства на премазот на највисоко ниво.

Термоизолациски премаз за внатрешни ѕидови
Премазот за внатрешни ѕидови SPEKTRA Termo Top во комбинација со SPEKTRA внатрешен кит - Termo формира топлинска бариера, поради кој површината е потопла и попријатна на допир. Тоа е возможно преку пополнувачите на шуплини кои се содржат во двата производи. Системот ги задржува просториите ладни во лето и топли во зима, што значително ги намалува трошоците за енергетски извори за затоплување и ладење. Со употреба на системот од двата производи, ефективно се спречува појава на кондензација, а со тоа и појава на мувла. Истовремено, со нивна примена се избегнува честа употреба на средства за дезинфекција и обновување.
Здрав и пријатен простор за живеење
Мувлата не е само естетски проблем; таа е првенствено штетна појава. Вдишување на спори од мувла присутни во такви простори може да предизвика воспаление во белите дробови, кашлање, отежнато дишење и влошување на астмата. Кога ваквите ѕидни површини се третираат со SPEKTRA внатрешен кит Termo со дебелина до 4 мм, преносот на топлина низ нив е значително намален. Ѕидот останува топол, а со тоа се спречува кондензација на водeна пареа од воздухот, што последично ги елиминира условите за создавање мувла. На тој начин, SPEKTRA Termo Top создава простор пријатен за живеење со позитивен ефект врз здравјето. SPEKTRA внатрешен кит -TERMO содржи помалку од 1 г/л лесно испарливи материи, така што нивното испуштањето за време на нанесување и сушење е минимално. Неговата еластичност е исто така соодветна за премачкување на мали пукнатини на ѕидните површини.
Пред премачкување со крајната боја, препорачуваме нанесување на еден слој смеса за порамнување SPEKTRA Level Fine, која е лесна за нанесување и може да се бруси. За краен премаз препорачуваме SPEKTRA Termo Top која дополнително помага при намалување на преминот на топлина низ ѕидовите и задржување на истата. Покрај тоа, исто така помага во регулирање на влажноста на просторијата и рефлектира повеќе од 90% од видливиот спектар на светлина назад во просторијата, создавајќи повеќе светлина. Внатрешната ѕидна боја SPEKTRA Termo Top е достапна во светли нијанси, а системот е исто така е компатибилен со која било друга внатрешна ѕидна боја од семејството SPEKTRA.