Нова линија во асортиманот на SPEKTRA семејството – бои за специјални намени
Оваа Пролет додадовме два нови производа во асортиманот на внатрешни ѕидни бои- SPEKTRA Perfect White и SPEKTRA Kitchen & Bathroom. Заедно со минатогодишната успешна приказна, SPEKTRA Active Air сега ви презентираме нов асортиман на бои за специјални намени во внатрешниот простор.

SPEKTRA Perfect White е внатрешна ѕидна боја, соодветна за нови ѕидни и тавански површини и за обновување на старите премази. Се издвојува со својата особена белина и висока покривност. Поради својата висока пропустливост на пареата, бојата е особено погодна за употреба во спални соби, како и во сите други простории каде што се препорачува боја со добра паропропустливост.
SPEKTRA Perfect White може да се нанесува врз сите видови минерални малтери, гипс-картонски панели, тапети од стаклени влакна, ѕидни површини каде штотуку е отстранета тапетната хартија и стари облоги.
SPEKTRA Kitchen & Bathroom е внатрешна ѕидна боја која го спречува ширењето на мувлата на подолг период. Особено е погодна за простории како што се кујни, купатила, јавни тоалети, простории за сушење и сите останати каде зголемената количина на пареа би предизвикала развој на штетни микроорганизми. Облогата е со висока паропропустливост, има добра покривност и пријатен мирис за време на нанесувањето и сушењето.
SPEKTRA Kitchen & Bathroom е соодветна за бојадисување на сите типови на минерални малтери, гипс- картонски панели, бетонски и стари премази.