PAINT SMART – постапување со преостанатата боја на одговорен и креативен начин

17.05.2022

Откако ќе ги бојадисате ѕидовите, ќе го освежите мебелот на отворено или ќе ја преуредите детската соба, веројатно ви преостанал полупразен сад со боја и се прашувате што да правите со него. PAINT SMART е наша иницијатива која промовира одржливо и одговорно постапување со бојата, особено со остатоците од бојата, со споделување корисни совети и трикови.

1200x628 MK

Одговорното постапување со бојата започнува со планирање и купување на вистинската количина на боја. Откако ќе се изберат типот и квалитетот на бојата или системот за обложување, треба да пресметате колку боја всушност ви е потребна, имајќи ги предвид нејзините својства и површината. Практична алатка што може да ви помогне да ја пресметате потрошувачката е онлајн калкулаторот.

И покрај внимателното планирање, големи се шансите дека ќе ви преостане боја откако ќе завршите со работата. Можеби премалку за да се започне нов проект за реновирање.  Сепак, запомнете дека и најмалиот дел од преостанатата боја во комбинација со малку креативност се доволни за да додадете шармантни детали во вашиот дом, кои ќе го направат ентериерот убав и интересен.  За да најдете повеќе совети, трикови и креативни идеи, може да ја истражите нашата Библиотека со идеи.

Обично заборавиме дека бојата складирана на полица има релативно краток век, особено кога не е соодветно складирана. Остатоците од преостанатата боја може да ви бидат многу корисни кога треба да ги прикриете траги од клуч, отпечатоци од чевли, обезбојувања, гребнатини и други дамки што се појавуваат на површините со текот на времето. Поголеми количини боја може да се предадат на пријатели, познаници, локалната градинка, училишта, добротворни или непрофитни организации, каде што со задоволство ќе прифатат остатоци од боја за разни креативни проекти и работилници.

 Боите, како и лаковите, растворувачите, разредувачите, средствата за отстранување боја спаѓаат во еколошки опасен отпад. Старата боја, која повеќе не може да се користи или да се донира, треба да се однесе во собирен пункт за опасен отпад. Можете исто така да го чекате следното планирано собирање на опасен отпад во вашиот град. Но, како може да знаете дали бојата навистина повеќе не е погодна за употреба и на кои знаци треба да внимавате кога ќе најдете стари остатоци од боја на полицата? Прочитајте повеќе.