SPEKTRA Level Medium Light – израмнувачка смеса врз база на лесни пополнувачи

17.03.2023

Конвенционалните смеси за израмнување се врз база на вода, што ги прави еколошки поприфатливи. Сепак, тие во голема мера се состојат од минерални пополнувачи, што ги прави тешки, а тоа може директно да влијае врз здравјето на луѓето и на животната средина. Како иновација, наградена од словенечкиот Еко Фонд, SPEKTRA Level Medium Light може да се пофали со тежина што е за една третина помала, но ги има истите апликативни својства и пареопропустливост.

Spektra Level Medium Light 1280x867

Бидејќи содржи лесни пополнувачи, SPEKTRA Level Medium Light е за 30% полесна од стандардната израмнувачка смеса со ист волумен. Нејзината помала тежина води до намалена потрошувачка на гориво при транспорт, што последично значи помало испуштање на јаглерод диоксид во животната средина. Други позитивни страни на бојата се помало оптоварување на ѕидните површини, полесна работа и подобри услови за работа, со позитивен ефект врз здравјето на вработените и корисниците.

SPEKTRA Level Medium Light одлично се прилепува на сите видови минерални површини, еластична е, и многу лесна за нанесување и размачкување. Поради високата тиксотропија, не се собира и совршено ги пополнува поголемите дупки и пори. Специфичната слојна структура на премазот ја подобрува топлинската и звучната изолација, што помага да се подобри квалитетот на живеење во просторијата. Конечно, SPEKTRA Level Medium Light обезбедува најмалку 30% помала потрошувачка, што значи дека со 1 кофа можете да измазните најмалку 30% повеќе ѕидни површини отколку со смеса за израмнување со стандарден квалитет.