SPEKTRA MAGNETIC - ѕидна боја погодна за деца

29.10.2021

Во денешно време, боите за внатрешни ѕидови нудат широк спектар на опции. Не само во поглед на илјадниците достапни нијанси на бои, туку и на нивните бројни иновативни карактеристики. Тука спаѓаат и „бои погодни за деца“ за внатрешни ѕидови, кои ги претставува Оливер, нашата забавна маскота. 

spektra magnetic news 01 1200x628

Изборот на соодветна боја е особено важен за sидовите во просториите што ги користат децата. Безбедноста и здравјето на нашите најмлади ни се исклучително важни, затоа Хелиос нуди производи од нашите декоративни премази кои се особено соодветни за нив. Тие ја вклучуваат специјалната ѕидна боја SPEKTRA Magnetic, која овозможува магнетите да се прилепат директно на ѕидните површини. Достапна е во мат темно-сива боја и додава посебен слој на креативност за просторот од вашите деца.

SPEKTRA Magnetic од категоријата на декоративни премази претставува креативен пристап кон дизајнот и декорацијата на внатрешната ѕидна површина со дополнителна функционалност. Нејзината посебна моќ произлегува од феромагнетниот  материјал кој овозможува прикачување пораки,  забелешки, постери, фотографии, детски цртежи и други лесни предмети. По нанесувањето на бојата, прикачувањето на разни материјали со помош на магнети е навистина лесно и без оштетување на ѕидната површина.

Spektra magnetic 2

SPEKTRA Magnetic може да ги замени тешките бели магнетни или плутани даски за обесување цртежи и семејни фотографии од вашите деца во домот. Оваа внатрешна ѕидна боја со посебен ефект  додава дополнителен степен на уникатност во просторот, бидејќи може да се нанесе во која било геометриска форма. Препуштете ѝ се на фантазијата - нанесете ја бојата во форма на облак или дозволете им на вашите деца да одлучат. Со помош на купена или домашна матрица или подебела заштитна лента, нанесете два или три слоја SPEKTRA Magnetic. Откако бојата ќе се исуши, прикачете ги избраните цртежи и фотографии со помош на магнети. SPEKTRA Magnetic е внатрешна ѕидна боја погодна за деца, што значи дека е погодна за примена во детски соби, работна соба, кујна, ходник и други простори. Исто така е погодна за употреба во јавни простории како што се градинки, училишта, канцеларии, ресторани, продавници и барови. 

Покрај SPEKTRA Magnetic, продажната програма на Хелиос нуди дополнителни производи погодни за деца, имено TESSAROL акрил емајл, соодветен за бојадисување дрвени детски играчки, како и иновативната внатрешна боја SPEKTRA Active Air со функција за  прочистување.