SPEKTRA Pure&Care – внатрешна ѕидна боја без биоциди, соодветна за луѓе со алергии

17.03.2023

SPEKTRA Pure&Care е еколошка боја за внатрешни ѕидови, дизајнирана посебно за корисниците кои се чувствителни на адитиви кои се наоѓаат во боите, како што се растворувачи, омекнувачи и конзерванси, кои испаруваат, се задржуваат во затворени простории и може да предизвикаат алергии.

Spektra PureCare 1280x867

Бидејќи долготрајната и стабилна висока pH вредност на бојата го спречува растот на бактериите, не се потребни дополнителни конзерванси. Затоа SPEKTRA Pure&Care е особено погодна за корисници со постоечки здравствени проблеми, како што се алергии, астма или други видови на иритација, како и за посвесни корисници кои се грижат за поздрава животна средина и здрави животни простори. Особено препорачлива е за употреба во детски соби, градинки, училишта, здравствени установи, домови за стари лица, хотели и сите други внатрешни простори каде луѓето поминуваат многу време.