TESSAROL DIRECT 3in1
 
	
						
					Проценка на потрошувачка:
Техничка документација
Листа со безбедносни податоци
Не сте сигурни кој производ да го изберете?
TESSAROL DIRECT 3in1 е антикорозивен краен премаз што се употребува за декорација и заштита на железни и челични површини. Може да се нанесува директно на сува и избрусена површина, исчистена од груби честички од 'рѓа. Поради одличните антикорозивни својства може да се нанесува директно врз површината без претходно нанесување на основна боја. Формира сјаен краен премаз врз обоените површини, истовремено заштитувајќи ја површината од 'рѓосување.
Својства:
- директно нанесување врз железни и челични површини, без употреба на основни премази
- одлична заштита против корозија
- голема тврдост на слојот
- лесно нанесување, добро порамнување
- добра отпорност на временски влијанија и светлина
- добра прекривна моќ
Потрошувачка:
1 л прекрива површина од 10–12 м2 со 1 слој.
Пакување:
Детални информации можете да најдете во техничките информации.
Нијанси на бои:
- сјај: бела и 11 стандардни нијанси, HGMIX
- мат: темно сива, црна, HGMIX
Совет:
Ви препорачуваме да ги прочитате техничките информации пред употреба на производот. Складирајте го производот на температура помеѓу +5 °C и 35 °C и не изложувајте го на директна сончева светлина. Не истурајте го производот во канализација.
Инструкции за употреба:
- 
    									
    										Надворешни и внатрешни површини 
- 
    									
    										TESSAROL разредувач – макс. 15 % 
- 
    									
    										Измешајте пред употреба 
- 
    									
    										Нанесување со валјак или четка 
- 
    									
    										Нанесување со прскање 
- 
    									
    										Чистење на алатите со разредувач 
- 
    									
    										Времето на сушење од нанесување на еден до друг слој: 6 ч 
- 
    									
    										Работни услови 10-25 °C 
 
				 
						 
						 
                            
						 
                            
						 
                            
						 
                            
						 
                            
						 
                            
						 
                            
						 
                            
						 
                            
						 
                            
						 
                            
						 
                            
						 
                            
						