TESSAROL АКРИЛ ОСНОВНА БОЈА ЗА ДРВО

Проценка на потрошувачка:
Техничка документација
Листа со безбедносни податоци
Сертификати
Не сте сигурни кој производ да го изберете?
Еколошка основна боја за заштита и порамнување на различни дрвени површини, како што се врати, прозорци, огради, дрвени конструкции, разновидни панели во затворен простор и на отворено. TESSAROL акрил основна боја за дрво има сертификат (SIST EN 71-3) којшто докажува дека производот е соодветен за обојување на детски играчки и други предмети со кои нашите најмали доаѓаат во контакт.
Својства:
- содржи адитив којшто блокира супстанции растворливи во вода (спречува формирање на жолти дамки при премачкување на даб и костен, и го успорува пожолтувањето на јазли на зимзелените дрва)
- брзо сушење
- се разредува со вода
- еколошки
- без непријатни миризби
- одлична прилепливост
Потрошувачка:
1 л прекрива површина од 8 - 10 м2 со 1 слој.
Пакување:
Детални информации можете да најдете во техничките информации.
Нијанси на бои:
бела
Совет:
Ви препорачуваме да ги прочитате техничките информации пред употреба на производот. Производот не смее да замрзне, складирајте го на температура помеѓу +5 °C и +35 °C и не изложувајте го на директна сончева светлина. Не истурајте го производот во канализација.
Инструкции за употреба:
-
Надворешни и внатрешни површини
-
Измешајте пред употреба
-
Разредување со вода
-
Нанесување со валјак или четка
-
Нанесување со прскање
-
Чистење на алатите со вода
-
Времето на сушење од нанесување на еден до друг слој: 4-6 ч
-
Работни услови 10-25 °C