SPEKTRA АНТИНИКОТИНСКА БОЈА

Проценка на потрошувачка:
Техничка документација
Листа со безбедносни податоци
Не сте сигурни кој производ да го изберете?
Висококвалитетна боја за декорација и заштита на внатрешни ѕидни и тавански површини. Прекрива и изолира дамки од пушење, протекување на вода, катран, разновидни масла, оган, итн. Таквите дамки се растворливи со вода, што значи дека додека се сушат, водата ги доведува на површина, и поради тоа боите врз база на вода не се соодветно решение за нивна изолација. Соодветна е за обојување на сите видови минерални малтери, фибер-цементни плочи, бетон, гипсено-картонски плочи, тапети од стаклени влакна, релјефни тапети и стари премази.
Својства:
- одлична изолација на дамки растворливи со вода
- без силен мирис
- отпорна на суво бришење - ниво на перивост 2 (EN 13 300)
- лесна за нанесување
Потрошувачка:
1 л прекрива површина од 8 - 10 м2 со 1 слој.
Пакување:
Детални информации можете да најдете во техничките информации.
Нијанси на бои:
бела
Совет:
Ви препорачуваме да ги прочитате техничките информации пред употреба на производот. Складирајте го производот на температура помеѓу +5 °C и 35 °C и не изложувајте го на директна сончева светлина. Не истурајте го производот во канализација.
Инструкции за употреба:
-
Внатрешни ѕидни и тавански површини
-
Измешајте пред употреба
-
Не се разредува со разредувач
-
Нанесување со валјак или четка
-
Чистење на алатите со разредувач
-
Времето на сушење од нанесување на еден до друг слој: 4-6 ч
-
Работни услови 10-25 °C
-
Чистење со влажна крпа
-
Ниво на сјај - мат