Како да ја изберете вистинската нијанса од плејада опции

Многу тон карти денес нудат практично бесконечен избор на нијанси. Но, да имате пристап до оваа огромна разновидност исто така значи дека исполнувањето на сите наши визии бара да имате дополнителна просторија, па дури и цел стан. Изборот на нова нијанса ретко започнува на празен лист, без никакви идеи. Обично, најголемиот предизвик е кога сме растргнати во повеќе насоки и не знаеме од каде да започнеме.

23 Main image

Најдобра почетна точка е тон картата. Како прв чекор, изберете категории на бои што ви се допаѓаат визуелно и кои одговараат на просторот, на пример неутрални и пастелни нијанси, сина боја која одговара со кујнските ормари или можеби некоја од зелените, жолтите и виолетовите нијанси. За таа цел, ја создадовме тон картата HGMIX INTERIOR COLLECTION, каде што збирката на нијанси е дизајнирана за лесно прелистување низ секоја категорија на бои. Предлагаме да започнеме со ограничување на три категории, по што започнува процесот на правење вистински избор!

Прво, изберете ја светлоста или интензитетот на нијансата. При овој избор треба да ја земете предвид светлината во вашата соба. За светли соби со повеќе дневна светлина, можете да изберете потемна, поинтензивна боја. Би одговарале и малку сиви или „валкани“ тонови, бидејќи бојата ќе изгледа „почисто“ поради степенот на светлина. За поголеми и нерамномерно осветлени простори, можете да создадете интересен ефект со избор на поинтензивна нијанса за поголемите и подобро осветлени делови и понежна, посветла нијанса во истата боја за помали и помалку осветлени делови. Прилагодете го контрастот по желба. Изборот на две многу слични нијанси може да создаде навистина суптилен контраст и нежна транзиција низ просторот; или, може да внесете малку повеќе разновидност во просторот со силен контраст.

 

23 N05 623 N04 1

Следниот чекор е избирање нијанса на боја. Боите во основа се поделени на топли и ладни; иако ова на почеток може да изгледа едноставно, не е секогаш лесно да се направи разлика! На пример, зелената боја може да постигне топол или многу ладен изглед, во зависност од подтонот. Сепак, подтонот често се забележува само кога се споредуваат неколку слични нијанси. Кога некоја боја има сини или сиви тонови, обично се вели дека има ладен подтон. По правило, овие бои се избираат кога има многу темно дрво, бетонски под, мермер или многу природна светлина во просторот, што сакаме да ја смириме со поладни нијанси. Боите со топол тон се обично жолти, портокалови или розови и создаваат чувство на нежност и удобност. По правило, овие бои се избираат кога има повеќе светло дрво или поголеми парчиња мебел во светло обоени простори, и тие се погодни и за светли и за потемни простори.

 

23 G21 623 G13 7

Посебно внимание треба да се посвети на подтонот при изборот на бела нијанса. Обично посветуваме помалку внимание при изборот на бела боја, иако внимателно одбраната нијанса може целосно да го промени изгледот на просторот. Неутрална или многу силна, чиста бела боја без подтон е типично избрана за многу драматичен изглед, на пример во комбинација со црна боја. Од друга страна, белите парчиња мебел може да изгледаат малку сиви во комбинација со изразито бели sидови. Исто така, вреди да се напомене дека при изборот на бела боја треба да се посвети уште поголемо внимание на бојата на струјните приклучоци, прекинувачите и рамките на прозорците или вратите, бидејќи силната бела боја ќе го нагласи секој сивкав или, уште поверојатно, жолтеникав подтон.

 

23 W11 223 W09 4

При изборот на нијанса, добра идеја е да ги земете предвид сите простори во вашиот дом. Нежни бои во ходниците ќе го задржат просторот поотворен, што е особено добредојдена карактеристика во помалите станови. Фокусирајте се на помал број бои и повторете ја нивната употреба низ различните простории.

 

23 G05 5 W04 223 O05 3 W05 3

Изборот на нијанса со помош на тон картата е проследен со тестирање. Потребно да се земе предвид дека бојата може да има сосема поинаков ефект на поголема површина отколку на тон картата. На поголема површина, конечниот резултат е обично поизразен, а изгледот на бојата може да се промени и со осветлувањето и степенот на светлина во просторот. Затоа, пред да започнете со реновирање, Ве советуваме да купите мала количина на боја во избраното ниво на сјај.

Нанесете ја бојата на мал дел од ѕидот и набљудувајте го ефектот во текот на денот додека се менува осветлувањето. Потребно е да се запази препорачаниот број на слоеви и да се почека бојата да се исуши целосно помеѓу слоевите. Ако изберете помеѓу поголем број на нијанси или посилни тонови на бои, кои обично се потешки за покривање, предлагаме да не ја нанесувате бојата директно на ѕидната површина, туку на бела хартија за цртање или слична основа што може лесно да се поместува низ собата. Не брзајте и осигурете се дека вашиот простор изгледа точно онака како што посакувате.