ВО ПОТРАГА ПО ИНСПИРАЦИЈА ВО БИБЛИОТЕКАТА ЗА ИДЕИ

Завршивте со бојадисување на вашиот дом и ви останала боја, но не знаете што да правите со неа. Не фрлајте ја; дури и мала количина на боја може да го освежи и промени изгледот на мебелот, додатоците за дом или ѕидовите.

Откако ќе го започнете креативниот процес, вреди да побарате по полиците во подрумот, оставата, или гаражата, каде што може да наидете на некои заборавени остатоци. Може, исто така, да мешате бои за да создадете цела палета на нови нијанси од разни остатоци од боја. Мешајте само бои направени врз иста основа; не мешајте премази на база на вода и растворувачи. Мала количина на бела боја, која често преостанува по варосување, претставува одлична основа за нијансирање. Може да ја измешате со која било преостаната ѕидна боја врз база на вода или со обични акрилни темпера бои кои може да се најдат во училишниот прибор.

  • Get Inspired DIY 44

    Дали се борите со предизвиците за оптимално користење на просторот? Ако одговорот е да, треба да знаете дека не сте сами. Без разлика дали сте љубители на модерен, класичен или рустикален стил, можно е целосно да го промените изгледот на навидум најобичните простори со употреба на ѕидни облоги и декоративни украси. За разлика од другите украсни елементи, ѕидната облога нема да ви пречи, па затоа е соодветен избор и за најмалите простории, покрај тоа што е прекрасно дополнување на големите празни ѕидови. Што се однесува до боите, можете или да изберете силни бои или да ја следите постоечката боја на ѕидот за суптилен ефект – ако сè уште имате дел од бојата на ѕидот дома, ова ќе ве спаси од потрагата по идентична нијанса.

  • Get Inspired DIY 43

    Кога преуредувате соба или опремувате нов дом, може брзо да завршите со талкање од продавница до продавница, во бескрајна потрага по она совршено парче мебел. Следниот пат ќе можете едноставно да барате полица за книги, табла или мала масичка од пазар или пак да го пребарате поткровјето од вашата стара тетка. Мешањето на современ ентериер со винтиџ мебел е одличен начин да се постигне модерен и динамичен изглед – во случај да не сте забележале, ретро треската е повторно тука. Јаки бои, повторувачки шари, остри контури и симетрија. Можеби малку остаток од боја е сè што ви треба за да направите ретро освежување на парче мебел, без разлика колку е излитено.

  • Get Inspired DIY 42

    Со малку боја, различни предмети од разновидно потекло кои се насобрале во вашиот дом со текот на времето може да се поврзат во една приказна. Нема потреба од купување нови ствари или големи трошоци. Без разлика на нивниот стил или состојба, свеж слој на боја е одлично решение кое не само што ќе ја заштити површината туку и ќе создаде совпаѓање на боите во вашата соба, без разлика дали се работи за ноќна масичка, кутија за играчки, столна ламба или дрвени полици. Откако преуредувањето e завршено, преостанатите бои може да ги искористите за да направите голем, шарен часовник кој дополнително ќе ги поврзе сите елементи во заедничка шема на бои.

  • Get Inspired DIY 41

    Ако наидете на стари дрвени ролетни, не ги фрлајте! Со малку умешност, тие можат да се трансформираат во ново парче мебел или украсен предмет кој ќе создаде пријатен и рустикален амбиент во вашиот дом. Ролетните може да се преработат во маса, клупа, полици, преградни ѕидови или шармантна креветска плоча. Дрвените ролетни може да се обојат или со BORI лазура за да се зачува природната текстура на дрвото, или со TESSAROL премаз за дрво за да ѝ се даде на површината во боја едноличен конечен изглед. Ако е возможно, искористете ги преостанатите бои што веќе ги имате дома за да извршите преуредување што е „фино“ не само за вашиот паричник туку и за околината.

  • Get Inspired DIY 40

    Овозможете им на вашите предмети да добијат свеж изглед и да станат дел од нова приказна. Побарајте ги сите преостанати бои складирани во вашиот дом и четки за бојадисување со различни големини, и подготвени сте да започнете вистинска уметничка преобразба. Може да ја бојадисате столната ламба, саксијата или сетот за чај. Кога ги повторувате шемите, корисна алатка е селотејпот или матрици направени од флексибилна пластика или фолија. Проверете дали матрицата или селотејпот се правилно фиксирани на површината за да избегнете протекување на боја под рабовите. Ако остатоците од бојата се згуснале со текот на времето и не се мачкаат убаво, разредете ги по потреба. Следете ги инструкциите на пакувањето; Боите на база на вода треба да се разредуваат со вода, а боите на база на растворувачи може да се разредат со TESSAROL разредувач. 

  • Get Inspired DIY 39

    Дали размислувате за идеи како да го истакнете вашиот шармантен ѕид од тули на едноставен начин? Со акцентирање на поединечни тули со боја, можете да создадете интересен, динамичен изглед, а за овој вид на освежување не е потребно многу боја или време. Доколку сте љубители на индустрискиот стил, изберете претежно сиви тонови, а доколку сте љубители на скандинавскиот стил, дозволете да доминира белата боја. Може да експериментирате и со возбудливи и похрабри комбинации на бои. Најдобар начин да го започнете проектот е да ја копирате шемата на ѕидот од тули врз лист хартија и да експериментирате со аранжмани и комбинации на бои. За органски ефект, обоените тули треба да се распоредат што е можно понерамномерно.

  • Get Inspired DIY 38

    Ако сте смела личност која сака да експериментира со нови пристапи во дизајнот на ентериер, можете, исто така, да додадете боја во вашиот дом со несовршени крајни премази – заедно со добра мера на екстраваганција. Груба транзиција може да се постигне со користење на валјак за боја во посакуваната големина и вертикални потези на различна висина. Овој пат, нема никаква потреба од селотејп. Само додавајте мали количини боја. Колку помалку боја на валјакот, толку полесно ќе биде да се создаде груба и неправилна транзиција. Пред секое нанесување, исто така, поминувајте го ролерот повеќепати преку некој весник или слична површина за да го отстраните вишокот боја.

  • Get Inspired DIY 37

    Дрвените коњчиња за нишање имаат значајна улога во детството на многу луѓе. Сепак, дури и на најдоверливото коњче, повремено му е потребна обнова на заштитата и стилот со нов слој боја. Изненадете ги вашите малечки или вклучете ги во проектот за стилско разубавување на вашето коњче за нишање. Со одредена креативност, коњчето може брзо да се трансформира во речиси оригинален еднорог со опашка од виножито, жирафа со краток врат или шарена зебра, за вашите деца да јаваат во нови возбудливи авантури. Детската имагинација не познава граници и правилно е да ја ослободиме.

  • Get Inspired DIY 36

    Дали ви се допаѓа изгледот на старите, изабени ѕидови? Во комбинација со модерен мебел, вештачки „оштетени“ ѕидови можат да го додадат последниот детаљ што можеби сè уште му недостасува на вашиот ентериер. Ќе ви биде потребна малку бела боја за внатрешни ѕидови, малку искористени темпера бои и голем сунѓер за миење автомобили. Сите бои за внатрешни ѕидови на база на вода може да се нијансираат по желба со најобични темпера бои, кои се користат во училиштата, за да се создаде цела палета на нијанси. Започнете со најсветлите нијанси. Нанесете мала количина на боја на сунѓерчето со четка за боја и размачкајте ја по ѕидот за да создадете размачкан и „старски“ ефект. Повторете го овој чекор со голем број светли и темни нијанси и забавувајте се додека го гледате ѕидот како „старее“ пред вашите очи.

  • Get Inspired DIY 35

    Кујната со кујнски остров е несомнено социјален центар на секој простор за живеење. Сепак, нема причина зошто кујнскиот остров би морал да одговара на шемата на бои на кујнскиот мебел. Оние кои се доволно смели можат да одат чекор понапред и да ги изберат најсветлите и најсилните бои. Реновирањето на кујнските елементи можеби е голем подвиг, но промената на кујнскиот остров не би требало да одзема премногу време. Екстравагантен изглед со еклектични детали може да се постигне и со додавање неколку интересни коклици во миксот. Кој знае – можеби преостанатите бои што ги имате може да инспирираат комбинации на бои што инаку никогаш не би размислувале да ги користите во вашата кујна.

  • Get Inspired DIY 34

    Дали некогаш сте се запрашале каде е најголемото платно во вашиот дом? На вашите ѕидови, се разбира. Пребарајте ја оставата, подрумот или гаражата за заборавени остатоци од боја, засукајте ги ракавите и ослободете ја вашата фантазија. Можете да ја оживеете спалната соба или игротеката на вашето дете со сликање на огромно светло виножито над креветот. Најдобар начин да го направите ова е со користење на молив и гума, и матрица и селотејп. А вашиот таван - сè уште е бел? Зарем не би било убаво да легнете на креветот и да гледате во надуени облаци, крошна од дрво или ноќно небо преполно со ѕвезди?

  • Get Inspired DIY 33

    Веќе некое време, важен тренд во дизајнот на ентериер е употребата на разновидни материјали. Со комбинирање на дрвени и метални елементи можете да создадете пријатна хармонија на контрасти во просторот: металните елементи му даваат чувство на ладна и сурова издржливост, а дрвото го прави удобен и топол. За да го освежите мебелот кој се состои и од дрвени и од метални елементи, потребни ви се само неколку производи. Побарајте остатоци од TESSAROL универзални премази, кои може да се користат за освежување на дрвени или метални површини; дадете им дополнителна заштита на вашите омилени парчиња мебел и направете ги повторно да блеснат.

  • Get Inspired DIY 32

    Покрај тоа што нуди удобност и функционалност, вашиот работен простор треба и да изгледа привлечен и пријатен. Сосема едноставен украсен трик кој ќе го оживее секое катче во домашната канцеларија, колку и да е мало, е техниката за блокирање на бои („colour blocking“). Се состои од комбинирање на различни форми и бои за да се добијат интересни контрасти и динамичен изглед на еден простор. Запомнете дека боите за внатрешни ѕидови SPEKTRA може да се мешаат, така што можете да создадете сосема нова, свежа палета на бои од боите што можеби ви останале од други проекти. Работниот простор можете да го комплетирате со специјалната SPEKTRA Magnetic боја, која им овозможува на магнетите директно да се залепат на површината на ѕидот – за сите ваши важни белешки и сувенири за патување.

  • Get Inspired DIY 31

    Јасно е дека доаѓањето на нов член во семејството е важен настан, кој бара соодветна подготовка. Суштинска задача е да се подготви бебешката соба или делот од просторијата каде што ќе биде поставено бебешкото креветче. Овој простор треба да биде топол и пријатен, што е лесно да се постигне со само неколку мали акценти во боја. Можете да ги бојадисате решетките на бебешкото креветче за да личат на море или пенести бранови, или да ставите симпатични шарени полици на ѕидот каде што може да се постават првите бебешки играчки. Кога бојадисувате површини што ќе ги допираат вашите малечки, ви предлагаме да побарате некои преостанати бои кои се на база на вода. Тие може да се разредат со обична вода од чешма. Можете, исто така, да проверите дали има сертификат што укажува дека тие можат безбедно да се користат за бојадисување детски играчки.

  • Get Inspired DIY 30

    Дрвениот кујнски прибор е задолжителен, но не мора сите парчиња да изгледаат исто. Доволна е мала количина на боја за да ги претворите во прекрасни, шарени додатоци. Користете заштитна лента за да ја означите целната област, а потоа насликајте го држачот со мала четка или сунѓер, избегнувајќи го делот од приборот што доаѓа во допир со храната. Транспарентната лазура за дрво BORI ќе го зачува природниот изглед на дрвото.

  • Get Inspired DIY 29

    Дали сакате да ги искористите остатоците од вашата омилена боја за стилско освежување на домот? Осветлете ја бојата со различни количина на бела и добијте широк спектар на нијанси кои ќе помогнат да се создадат меки, нежни транзиции. Тие може да се користат за бојадисување на внатрешноста на полиците. Потоа поставете различни домашни додатоци, од мали саксии, вазни и свеќи, до книги и домашни мириси. За максимална прецизност при бојадисувањето, користете мала четка и заштитна селотејп за да ги покриете полиците доколку не сакате да ги бојадисате. Дури и композицијата во една боја може да го освежи ѕидот и да го осветли просторот.

  • Get Inspired DIY 28

    Оваа идеја додава елемент на боја во плакарот, а дополнително помага да останете организирани со закачалки со различна боја. Ако го бојадисувате само дрвениот дел од закачалката, заштитете ја куката. Препорачуваме да ја закачите закачалката додека ја бојадисувате за да можете да ја обоите одеднаш. Кога е поставена на површина, може да се бојадиса само едната страна и ќе мора да почекате да се исуши пред да ја обоите другата. Кога бојадисувате закачалки со TESSAROL крајни емајли, организирајте ја облеката во плакарот по боја, на пример сина за фустани, жолта за блузи, виолетова за маици итн.

  • Get Inspired DIY 27

    Цртањето со матрици е прекрасна алтернатива за ѕидните слики. Можете да купите матрица или да направите сами од подебел картон или пластика. Ако ја направите сами, можете да ја нацртате или да најдете инспирација на интернет. Избегнувајте цртежи со мали детали бидејќи ќе биде тешко да се нанесе бојата прецизно на тие делови од шемата. Ако сте повешти, можете да направите повеќе матрици и да нанесувате различни бои на ѕидот во неколку слоеви. Потребно е да се почека бојата добро да се исуши помеѓу поединечните слоеви и, по потреба, да се исчисти вишокот боја од матрицата.

  • Get Inspired DIY 26

    Дали ентериерот брзо ви се здосадува и сакате често да се преуредувате? Менувањето на мебелот одзема многу време и, пред сѐ, претставува трошок, па затоа наједноставниот начин да внесете новина е со нови бои. Универзалните емајли TESSAROL можат да обединат различни парчиња мебел бидејќи се погодни и за дрвени и за метални површини. На овој начин, можете да користите една боја за трпезариските столови, висечката светилка над трпезариската маса, страничните фиоки и се друго. Ако ви останале неколку различни бои, можете да ги комбинирате со две или три бои.

  • Get Inspired DIY 25

    Дали некогаш сте размислувале да бојадисате само дел од ѕидот? Или да создадете интересен, шарен акцент во форма на геометриска фигура? Мртвиот агол од собата е совршено место за тоа. Користете заштитна леплива лента за да го поделите ѕидот на триаголници и да ги обоите со различни нијанси на боја за внатрешни ѕидови SPEKTRA. Бојадисајте го првиот триаголник, а потоа отстранете ја заштитната лента додека бојата е сѐ уште влажна. Продолжете само откако бојата во првиот триаголник целосно ќе се исуши.