Најчесто поставувани прашања
-
Каде може да се најдат картите на бои за вашите производи?
Сите наши карти на бои се достапни во нашите продажни места со HGMIX системот за мешање.
Системот за мешање HGMIX овозможува подготовка на избраната нијанса на боја врз основа на голем број карти на бои, како што се: Terra, Monicolor 720, Eurotrend, RAL, NCS и уште неколку други.
Картите на бои може исто така да се добијат од различни професионалци со кои соработуваме (сликари, фасадни градежници). За одредени производи, некои нијанси може да се најдат на нашите веб страни.
-
Реновирам 30 години стар стан, кој сакам да го пребојадисам и подоцна да бојадисам неколку ѕидови во појаки нијанси. На ѕидовите нема никакви поголеми проблеми (нема големи дамки или мувла). За скоро ќе имаме бебе и би сакале да употребиме боја без непријатни миризби или штетни материи. Која боја ја препорачувате?
За бојадисување на внатрешни површини, препорачуваме SPEKTRA interior wall paints кои се достапни во различни количини и нијанси. Со оглед на фактот дека во куќата ќе живеат мали деца, препорачуваме SPEKTRA PREMIUM внатрешна ѕидна боја која е соодветна за влажно бришење. Бојата е високо пареопропустлива, има добра прекривна моќ и прекрасен мат изглед и може да ја порачате во посакуваната нијанса. Ако сте задоволни со бела површина и со премаз отпорен на суво бришење, препорачуваме употреба на SPEKTRA Extra, која е лесна за нанесување и обезбедува добра прекривна моќ.
Секоја боја има и одреден мирис на суров материјал - акрилни врзувачи, што е типично за сите бои врз база на вода. Мирисот се задржува во собата максимум неколку денови додека премазот е целосно исушен. Бојата не е штетна и е произведена во склоп на најновите стандарди од европската легислатива.
Сите технички информации за нашите производи можете да ги најдете на нашите веб страни.
-
Ние наскоро планираме да го бојадисаме нашиот новоизграден стан. Бидејќи сакаме да имаме ѕидови во боја во некои соби, би сакал да знам каде може да ги најдеме картите на бои во поголеми димензии од тие што се достапни во продавници. Тешко е да се добие претстава како ќе изгледаат бидејќи картите на бои што се нудат во продавниците се многу мали и не можеме да ги пренесеме во станот. Дали имате некој совет во врска со ова? Кое е вашето мислење за тавани во боја?
Најпрво, дозволете да ви дадеме корисни совети за тоа како најлесно да ја изберете вашата нијанса на боја.
Кога се работи за примероци на боја, тие се достапни само во големина на картите на боја. Големината на примероците е некогаш премала за да добиеме претстава како би изгледал конечниот резултат на ѕидот. Поради тоа, сликарите, архитектите и редовните корисници понекогаш купуваат два литри боја со кои прво пробно бојадисуваат еден ѕид во собата.
Во врска со избирање на интензитетот на нијансата: ако сакате јака, но не нападна нијанса, изберете интензитет F, G и H од скалата, ако користите карта на бои Helios Monicolor 720. Во вториот и третиот ред, нијансите се светли, но имаат доволно добар интензитет кога се нанесени на ѕидот. Посветлите нијанси може да се комбинираат со многу јаки нијанси за да ја осветлат собата.
Тавани во боја се прашање на вкус, но не претерувајте со јаки нијанси бидејќи може да го направат таванот да изгледа понизок и да се добие „тежок“ амбиент или обратно. Во пракса, нијансата G113 (капучино) може многу добро да се употреби како основа наместо бела (за ѕидови и тавани). Иако оваа нијанса не остава посебен впечаток од картата на бои, дава многу елегантен изглед и се усогласува со сите бои од дрвените предмети или другите елементи во куќата. Исто така може да ја комбинирате со која било друга нијанса за да добиете суптилен премин кон појаки нијанси. Од преминот од бела кон поинтензивна нијанса може да се добие силен и иритирачки контраст.
Некои посветли нијанси кои изгледаат добро на ѕидови и некои јаки нијанси што ја осветлуваат собата се: G058, G095, G079 во комбинација со G058, G021, G015, J082 во комбинација со J021, H084 во комбинација со z J122, K138, N125, S003, K015, L043.
-
Имам соба која е прилично долга и тесна. Како да ја бојадисам за да изгледа поширока?
Прашањето го испративме кај нашите технички советници кои обично даваат совет на оваа тема, но тешко е да се даде точен одговор без да се погледне собата.
Во принцип, темните нијанси ја прават собата визуелно помала, додека светлите нијанси ја прават поголема. Затоа ви препорачуваме да ги бојадисате долгите страни од ѕидовите со светли нијанси а кратките со темни нијанси. Ова е основното и наједноставното решение за визуелно да ја проширите собата.
-
Употребивме некој вид на епоксидна смола и песок за обработка на столбовите од нашата куќа пред 25 години. Површината е порамнета и груба, без маснотии. Но за жал, веќе има многу оштетување и бојата (светло кафеава) не е рамномерна. Каква боја треба да се употреби за реновирање?
Епоксидните смоли не се материјал што се користи за простор на отворено изложен на сончеви зраци бидејќи епоксидот сам по себе е UV нестабилен на директна сончева светлина, па претпоставуваме имате нешто слично на мозаик што содржи мермерен песок во акрилниот врзувач.
Ви препорачуваме најпрво да го тестирате производот на мала површина. Купете SPEKTRA акрилна импрегнација и SPEKTRA акрилна боја за бетон во посакуваната нијанса и следете следната постапка:
1. измијте ги површините со вода,
2. импрегнирајте ги измиените и исушените површини со SPEKTRA акрилна импрегнација, разредена со вода во однос 1 : 1 (минимум 6 часа сушење).
3. потоа, после период од најмалку 8 часа, бојадисајте ги површините со SPEKTRA акрилна боја за бетон. -
Планирам да го бојадисам/заштитам надворешниот дел од моите кошници за пчели на пролет. Кошниците нема да бидат ставени во куќата за пчели, туку надвор, изложени на дожд, сонце, ветер и студ. Би сакал/а да знам кој премаз го препорачувате за добра заштита на дрво, кој истовремено ќе има и минимален ефект врз осетливите пчели и нивниот производ.
Во вашиот случај, ви препорачуваме употреба на еколошките премази за дрво врз база на вода BORI.
Кошниците и панелите за пчели не треба да бидат премачкани со производи кои содржат биоциди. Препорачуваме употреба на нијансираната BORI лазура во 3 слоја. Времето на сушење од нанесување на еден до друг слој треба да биде најмалку 3 часа.
Пред склопувањето на кошниците, ви препорачуваме премачкување на сите трансверзални пресеци со BORI лазура бидејќи на тие места се апсорбира најмногу вода што последично води до сушење на бојата.
Од голема важност е дрвото да биде суво пред бојадисување.
-
Би сакал/а да ја бојадисам сребрено-металната ограда од скалите. Која боја од вашата продажна програма ја препорачувате (основна боја и крајна боја)?
Оградата може да ја бојадисате со TESSAROL системот на следниот начин:
1. исчистете ја 'рѓата и другите нечистотии со хартија за брусење и отстранете ги маснотиите со NITRO разредувач,
2. нанесете 1 слој бела TESSAROL основна боја за железо на внатрешните површини и 2 слоја на надворешните површини
3. нанесете 2 слоја основна сребрена нијанса од TESSAROL Antik.Предупредување:
Сите производи може да се нанесат со четка, валјак или со спреј. Бидејќи наведените премази содржат метални пигменти, најдобар изглед се добива со прскање затоа што пигментите се распоредуваат рамномерно без дамки. При употреба на четка или валјак, дамките може да се формираат на големи површини поради нерамномерна распределба на пигментите. Ако сакате да добиете помазна површина која последично е полесна за чистење, заштитете го премазот TESSAROL Antik со дополнителен слој на TESSAROL лак сатен (за затворен простор) и TESSAROL лак за чамци (за на отворено). Пред употреба, добро измешајте ги премазите со рамен алат за мешање и користете ги според инструкциите дадени во техничките информации.Може да забележите како посебни премази изгледаат на картите на бои за TESSAROL Antik и TESSAROL емајл. Картите се достапни во сите добро опремени продавници со градежни материјали кои го имаат HGMIX системот за мешање.
-
Што да употребам за бојадисување на ходниците во нашата нова куќа? Би сакале да употребиме кафеава нијанса.
Бидејќи не го прецизиравте интензитетот на кафеавата нијанса, ви препорачуваме два производи.
Ако куќата е нова, претпоставуваме има термо-изолација и дека немате проблеми со топлински мостови. Во овој случај, Ви препорачуваме употреба на SPEKTRA LATEX MATT. Сите појаки и потемни нијанси на кафеава боја се осетливи на допир од прст и оставаат бели дамки на површината. Бидејќи бојата има мазен слој, доволно е да ја избришете површината само со влажна крпа.
За светло кафеави нијанси, може исто така да употребите внатрешна SPEKTRA PREMIUM боја што се мие.