Еколошки бои
Свеста за важноста на здрава и чиста околина има големо влијание врз производството во Helios. Во текот на процесот на константна промена на составот, ние сме особено фокусирани на забрзување на елиминацијата на еколошки штетни материи и воведување на нови материи кои ќе бидат благопријатни за природата и човекот. Притоа, исто така развиваме нови производи кои постојано се во склоп со најстрогите еколошки стандарди и препораки.
Еколошките бои и премази се направени врз база на врзувачи што се разредуваат со вода. Производите врз база на вода ќе ги препознаете по логото со риба на пакувањето, и по зборот „acrylic“ (акрилен) во името од производот, на пр. TESSAROL акрил основна боја за дрво, SPEKTRA акрилна фасадна боја, итн.
Кога се особено препорачливи премази врз база на вода?
Кај класичните премази, органските раствори испаруваат за време на сушењето. Ако собата не е доволно проветрена, прекумерна концентрација на раствори во воздухот кај почувствителни луѓе може да предизвика главоболки, чувство на печење на очите или алергии на кожата. При обработка на мали површини како што се врати, прозорци, огради, мебел, или при работа на отворено, нема можност за такви проблеми, па затоа строго ви препорачуваме употреба на премази врз база на вода за обработка на големи внатрешни површини и во сите средини каде што има деца, постари луѓе или пациенти, или во простории каде се подготвува храна (кујни, внатрешни соби, ресторани, итн.).
Предноста на премази врз база на вода:
- при сушење, не се испуштаат опасни материи, и не е потребна дополнителна вентилација.
- брзото сушење овозможува нанесување на неколку слоеви во пократко време;
- без непријатни миризби;
- разредување не е потребно – ако е потребно, како разредувач може да се употреби вода од чешма;
- свежи дамки боја може да се отстранат со вода;
- не пожолтуваат со тек на време.
Дозволете им на најмладите да играат безбедно
Кога станува збор за обојување на предмети со кои децата доаѓаат во контакт – играчки, креветчиња, итн. – правилниот избор на боја е уште поважен. Нашите најмлади се особено осетливи, па затоа Helios посвети посебно внимание на три HELIOS TESSAROL производи и ја направи нивната формула така што е хемиски безопасна по лекување и соодветна за чест контакт со нашите најмали. Нивната адекватност е потврдена со сертификат од Институтот за Здравство во Марибор – Институт за Заштита на Околината (CERTIFICATE).