SPEKTRA Level Medium Light

Проценка на потрошувачка:
Техничка документација
Листа со безбедносни податоци
Не сте сигурни кој производ да го изберете?
SPEKTRA Level Medium Light е готова, средно-фина дисперзивна смеса за израмнување, погодна за израмнување на внатрешните ѕидни и тавански површини. Содржи лесни полнила, полесна е за 30 % со истиот волумен и покрива приближно 30 % повеќе површина во споредба со стандардните смеси за израмнување. Одлично се прилепува на сите видови минерални површини, еластична и многу лесно се нанесува и растегнува; поради високата тиксотропија не се собира и совршено ги пополнува поголемите дупки и пори.
Својства:
- за 30 % полесна во споредба со стандардните смеси за израмнување
- за 30 % подобро израмнети површини
- 30 % помало оптеретување на ѕидните површини
- соодветна за рачно или за машинско нанесување
- израмнување до дебелина од 4 мм со два слоја
- погодна за Q1 – Q4 третман на гипсени плочи
- лесна за обработка и брусење
- висока пареопропустливост
Потрошувачка:
0,9–1,3 кг/м2 во 2 слоја и 2 мм дебелина.
Пакување:
Детални информации можете да најдете во техничките информации.
Нијанси на бои:
Жолтеникаво-бела.
Совет:
Ви препорачуваме да ги прочитате техничките информации пред употреба на производот. Производот не смее да замрзне, складирајте го на температура помеѓу +5 °C и +35 °C и не изложувајте го на директна сончева светлина. Не истурајте го производот во канализација.
Инструкции за употреба:
-
Внатрешни ѕидни и тавански површини
-
Измешајте пред употреба
-
Нанесување со мистрија
-
Нанесување со прскање
-
Чистење на алатите со вода
-
Времето на сушење од нанесување на еден до друг слој: 10-12 ч
-
Работни услови 10-25 °C