TESSAROL CERAMIX – емајл за керамички плочки, стакло и други површини
Самата помисла на реновирање на купатилото или замена на керамичките плочки може за многу луѓе да претставува стрес. Сепак, помислата да се ослободите од старите, истрошени плочки со застарени, непривлечни бои или дезени може да биде многу примамлива. TESSAROL CERAMIX е совршено и најевтино решение, кое ќе обезбеди целосна трансформација на вашите плочки.

TESSAROL CERAMIX е еколошки горен слој на водена база, наменет за декорација и заштита на керамички, стаклени и други проблематични внатрешни површини.Погоден е за краткотраен контакт со вода на вертикални површини, кои овозможуваат истекување на водата, но не смеат да останат во постојан контакт со вода. Брзо се суши,нема непријатен мирис и е отпорен на средства за чистење во домаќинството. TESSAROL CERAMIX ви овозможува во само еден чекор и без основна боја да го освежите изгледот на вашето купатило, кујна, тоалет или ходници. Производот е достапен во основна бела боја што може да се обои во различни нијанси врз основа на табелата со бои HGMIX.