Семејството Helios Spektra за ѕидни бои помага во реновирањето на просториите од Центарот Сончек.

29.09.2016

Здружението Сончек се стреми кон социјално вклучување на лицата со посебни потреби на различни начини.

Helios TBLUS, д.о.о. на Сончек им понуди помош со донирање на Helios Spektra внатрешни ѕидни бои.

SpektraFamily oglas brez loga mini

Ова е веќе шеста година по ред како Центар Сончек Шишка  организира активности со танцување и пеење, изложби на слики и фотографии од непознати уметници, како и одреден број на едукативни и социјални настани дополнително на неговата примарна функција како центар за грижа.

Секоја година, неколку илјади посетители го посетуваат центарот и после шест години работа, потребно му е реновирање. Проблематични делови беа внатрешните ѕидови од објектот кои беа валкани и оштетени. Со наша помош, најпрво беше реновирана и пребојадисана повеќенаменската сала со големина од вкупно 400 м2. Следната година ќе продолжиме со реновирање и на останатите соби од центарот. На овој начин, уште повеќе ќе придонесеме за подобрување на условите за остварување на висококвалитетни програми.