TESSAROL CERAMIX

TESSAROL CERAMIX
  • Еколошки
  • HGMIX

Проценка на потрошувачка:

m2
0
l
1–2
* Потрошувачката се пресметува по еден слој

Техничка документација

Листа со безбедносни податоци

Не сте сигурни кој производ да го изберете?

Премазот е наменет за декорација и заштита на керамички плочки и стаклени површини во кујни, бањи, купатила и други внатрешни површини (ПВЦ, поцинкoван лим, алуминиум). Производот е подготвен за употреба и се нанесува директно на подлогата со помош на четка, ваљак или прскалка. Не е потребна примена на прајмер.

TESSAROL CERAMIX е погоден за краткотраен контакт со вода на вертикални површини, но не смее да биде во постојан контакт со вода. Овој производ не е погоден за фарбање на хоризонтални површини и подови, самочистечки керамички плочки, сауни и парни бањи.

Својства:

  • отпорен на средства за чистење
  • добри механички карактеристики
  • сатен ефект
  • еколошки
  • брзосушив без непријатни мириси

Пред да започнете со работа, можете исто така да го надградите вашето знаење и да побарате неколку корисни совети од експертите на Helios.

Потрошувачка:

1 л прекрива површина од 10–12 м2 со 1 слој.

Пакување:

Детални информации можете да најдете во техничките информации.

Нијанси на бои:

Бела, HGMIX.

Совет:

Ви препорачуваме да ги прочитате техничките информации пред употреба на производот. Производот не смее да замрзне, складирајте го на температура помеѓу +5 °C и +35 °C и не изложувајте го на директна сончева светлина. Не истурајте го производот во канализација.

Инструкции за употреба:

  • Внатрешни ѕидни површини
  • Измешајте пред употреба
  • Не се разредува
  • Нанесување со валјак или четка
  • Нанесување со прскање
  • Одстранете ја заштитната лента додека бојата е сеуште влажна
  • Чистење на алатите со вода
  • Времето на сушење од нанесување на еден до друг слој: 6-8 ч
  • Работни услови 10-25 °C