Декоративна техника омбре - Кога ѕидовите оживуваат со разиграно преливање на боите

Можеби мислите дека софистицираниот ефект на боја што се прелива по ѕидот може да се постигне само од страна на експерт, уметник или со многу скапа тапета. Всушност, за оживување на ѕидовите со декоративната техника омбре не се потребни посебни вештини. Сѐ што ви е потребно е малку креативност и упорност.

28 Ombre tehnika 01 1280x850

Техниката за бојадисување омбре, која се карактеризира со постепено преминување од потемна во посветла нијанса, веќе долго време е популарна и надвор од фризерскиот салон. Овој тренд постои и во дизајн на ентериер. Се применува за завеси, мебел, плочки и поголеми ѕидни површини. Боите може да се мешаат за да се создадат различни ефекти, од многу мек и суптилен премин до импресионистички стил со груби потези на четката и силни контрасти на боја. Крајниот изглед може да го прилагодите на своите желби и просторот. Несомнено, овој декоративен ефект на преливање ќе создаде харизматичен и уникатен изглед на вашата соба.

 

28 Ombre tehnika 02 1280x85028 Ombre tehnika 03 1280x850

 

Избирање на палетата на бои

Многу е популарно да се комбинираат посветли и потемни верзии од иста боја, како и неутрални бои во комбинација со бела боја. Се разбира, можностите при креирање палета на бои се практично неограничени. Природата е одличен извор на инспирација. Употребете бои што се преливаат на вечерното небо или планинските масиви кои постепено се замаглуваат од магла и облаци.

Кога комбинирате бои од различни групи, треба да се размисли дали подеднакво ќе ви се допадне нијансата што ќе се создаде во текот на нивното преливање. На пример, мешањето на црвена и зелена - кои се наоѓаат на спротивните краеви на тркалото на боите - создава кафеава или валкана сива боја, што може да биде непожелно изненадување! Во овој случај, подобро е да се избере премин од црвена во бела од едната страна и бела во зелена од другата страна.

Можете да ја користите картата на бои HGMIX INTERIOR COLOUR COLLECTION при дизајнирање на палетата на бои, што ви овозможува да изберете помеѓу 1194 нијанси.

 

28 Ombre tehnika 07 1280x85028 Ombre tehnika 06 1280x850

 

Како да постигнете омбре ефект?

Со помош на валјак, нанесете ја бојата на ѕидот во неколку линии, оставајќи малку празен простор помеѓу нив. Линиите можат да бидат со различна ширина или растојание едни од други, во зависност од посакуваниот краен изглед. Трик за да ги направите линиите да бидат на иста висина низ целата ширина на ѕидот е да користите леплива лента или да означите со молив.

За помек, послеан премин, повлечете потесни линии на поголемо растојание. Друг совет е да измешате две соседни бои во ист сооднос пред да ги нанесете на ѕидот за да создадете нова боја што совршено се вклопува во постојниот спектар. Ако го продолжите процесот, можете да создадете скоро неограничен број нови нијанси со мешање на бои, што ќе го олесни создавањето на рамномерен градиент. Ќе ви бидат потребни доволно садови за мешање.

Додека бојата е сè уште свежа, користете сува или малку навлажнета чиста четка, а со вкрстени удари ублажете ги преодите помеѓу линиите. Пробајте да работите со бојата која е веќе на ѕидот. Нанесете дополнителна боја на ѕидот со четка само кога е потребно, во зависност од ширината на празниот простор што останува помеѓу линиите. Можете исто така да користите многу широка четка, со тоа што ќе ја натопите на двете страни со по една од двете соседни бои, а потоа ќе создадете лесен премин со хоризонтални потези.

 

28 Ombre tehnika 04 1280x85028 Ombre tehnika 05 1280x850

Кога бојадисувате во лето, бојата обично се суши побрзо поради повисоките температури, така што ќе треба благо да ја навлажнете четката со вода неколку пати. За да избегнете оштетување на веќе нанесената боја, никогаш не прскајте вода директно на sидот. Ако работите на поголема површина, препорачуваме да се фокусирате на помал дел од ѕидот, широк до два метра, и да напредувате постепено за да спречите пребрзо сушење на бојата.

Одлична карактеристика на техниката омбре е и тоа што овозможува простор за грешка. Доколку е потребно, секогаш можете да се вратите назад, да ги поправите преливањата, да создадете малку повеќе длабочина со дополнително нанесување, па дури и да додадете нови нијанси. Потребни ви се само малку упорност и доволен број чисти четки!