SPEKTRA Active Air за почист воздух во вашиот дом
Во време кога расте свеста за важноста на чистиот воздух и квалитетното живеење во здрава животна средина, исто така е неопходно да се земат предвид и внатрешните ѕидни бои кои може да влијаат врз нашата благосостојба и здравје. Иновативната внатрешна ѕидна боја SPEKTRA Active Air го зголемува квалитетот на живеење во просторот со својата единствена технологија за прочистување на воздухот.

SPEKTRA Active Air, во рангот на декоративни премази, претставува иновација на внатрешните ѕидни бои бидејќи ја подобрува благосостојбата и квалитетот на живеење во просторот. SPEKTRA Active Air има посебна моќ да го разложи безбојниот гас формалдехид, кој е исклучително штетен за здравјето. Познато е дека формалдехидот е исклучително опасена канцерогена состојка, која најчесто постои во дрвени облоги, мебел и домашни ткаенини, како што се тапети и завеси, како и во некои детергенти. Честата или континуирана изложеност на формалдехид може да предизвика имунолошки одговор кој се манифестира како симптоми, вклучувајќи кашлица, болки во грлото, главоболки, печење на очите, алергиски реакции на кожата и други иритации на дишните патишта кои се особено опасни за луѓето со астма или хронично заболување.
Најдоброто решение за контролирање на изложеноста на овој штетен канцероген, што ги загадува затворените простори каде што престојуваме подолг период (особено градинки, училишта, домови за згрижување, здравствени установи и канцеларии), е употреба на иновативна ѕидна боја со функција за прочистување. SPEKTRA Active Air има докажана висока ефикасност при намалување на формалдехидот веќе 24 часа по првото нанесување. SPEKTRA Active Air го претвора формалдехидот во целосно безопасна водена пареа со помош на својата квалитетна технологија.
Покрај својата главна напредна функционалност за чистење на воздухот, SPEKTRA Active Air е високо отпорен на влажно бришење, како и отстранување на дамки, а исто така е и без растворувачи и еколошки. Бојата е погодна за бојадисување на сите внатрешни ѕидни површини во приватни и комерцијални згради. Исто така е возможно едноставно нијансирање во повеќе од 500 различни нијанси, кои можете да ги погледнете во HGMIX картата на бои.
Срдечно Ве покануваме да погледнете како делува SPEKTRA Active Air.