SPEKTRA LATEX ПОЛУМАТ

Проценка на потрошувачка:
Техничка документација
Листа со безбедносни податоци
Не сте сигурни кој производ да го изберете?
Висококвалитетна дисперзивна боја, соодветна за многу оптеретени површини во јавни и станбени објекти. Препорачливо е да се употребува во здравствени институции и за површини кои се често изложени на чистење (скали, детски градинки, училишта), каде што ѕидовите се чистат многу често. Се одликува со помало привлекување на нечистотии и лесна е за чистење со вода и детергенти. Бојата е отпорна на влажно триење според EN 13 300.
Својства:
- висококвалитетна боја за површини за кои е потребно често чистење, во болници и јавни институции
- отпорна на влажно триење (Класа 1, EN 13 300)
- не содржи растворувачи
- лесна е за чистење
- отпорна на средства за дезинфекција
- широк спектар на нијанси на бои – HGMIX
Потрошувачка:
1 л прекрива површина од 14 – 18 м2 со 1 слој.
Пакување:
Детални информации можете да најдете во техничките информации.
Нијанси на бои:
бела, HGMIX
Совет:
Ви препорачуваме да ги прочитате техничките информации пред употреба на производот. Производот не смее да замрзне, складирајте го на температура помеѓу +5 °C и +35 °C и не изложувајте го на директна сончева светлина. Не истурајте го производот во канализација.
Инструкции за употреба:
-
Внатрешни ѕидни и тавански површини
-
Измешајте пред употреба
-
Разредување со вода до макс. 10 %
-
Нанесување со валјак или четка
-
Нанесување со прскање
-
Чистење на алатите со вода
-
Времето на сушење од нанесување на еден до друг слој: 4 ч
-
Работни услови 10-25 °C
-
Чистење со влажна крпа
-
Ниво на сјај - полумат