SPEKTRA Active Air

Проценка на потрошувачка:
Техничка документација
Листа со безбедносни податоци
Тест на ефикасност
Не сте сигурни кој производ да го изберете?
Високо квалитетна, технолошки иновативна внатрешна ѕидна боја која го разложува формалдехидот во воздухот. Формалдехидот е еден од најголемите и најзагрижувачки загадувачки материи во просторот, поради неговите многубројни извори на потекло. Тоа е екстремно штетен канцероген, кој што може да најде во мебел, тапети, завеси, дрвени облоги и други ткаенини за домаќинството, како и во одредени производи за чистење. Бојата е погодна за сите внатрешни ѕидни површини во приватни и комерцијални згради. Благодарение на својата извонредна функција за прочистување на воздухот, таа е особено погодна за детски градинки, училишта, здравствени установи, пензионерски домови и сите простории, каде што луѓето престојуваат често или долго време.
Својства:
- го разложува формалдехидот во воздухот
- значително го подобрува квалитетот на воздухот во просторијата
- не содржи растворувачи
- високо перлива класа 1 според EN 13 300
- висок степен на покривна моќ
- лесно се чисти
- отпорнa на хемикалии
- широк спектар на нијанси на бои - HGMIX
Потрошувачка:
1 л прекрива површина од 14 – 18 м2 со 1 слој.
Пакување:
Детални информации можете да најдете во техничките информации.
Нијанси на бои:
бела, HGMIX
Совет:
Ви препорачуваме да ги прочитате техничките информации пред употреба на производот. Производот не смее да замрзне, складирајте го на температура помеѓу +5 °C и +35 °C и не изложувајте го на директна сончева светлина. Не истурајте го производот во канализација.
Инструкции за употреба:
-
Внатрешни ѕидни и тавански површини
-
Измешајте пред употреба
-
Разредување со вода до макс. 10 %
-
Нанесување со валјак или четка
-
Нанесување со прскање
-
Чистење на алатите со вода
-
Времето на сушење од нанесување на еден до друг слој: 4-6 ч
-
Работни услови 10-25 °C
-
Чистење со влажна крпа
-
Ниво на сјај - мат