Тајната на прекрасно уредениот дом е во деталите

Планирањето и декорацијата на домот не се состои само во избор на бои и мебел, туку и комбинирање на различни шеми на бои, материјали, текстури и форми, притоа земајќи ги во предвид интересите, хобијата, спомените и искуствата кои на ентериерот му даваат личен израз. Не е доволно само да изберете убава ноќна масичка; важна е комбинацијата на ладниот метал од светилката покрај креветот, топлата светлина што доаѓа од нејзината сијалица, книгата поставена на масичката, пораката на сликата обесена над креветот и разиграната шема на бои на постелнината. Едно парче мебел, колку и да е убаво, никогаш не е доволно за да се изрази целосниот потенцијал на собата – тајната на прекрасно уредениот дом е во деталите. 

47 Opremljanje prostora in kombiniranje barv

Како да го декорирате домот и каде да започнете? Започнете со постоечките предмети. Секој предмет, кога е правилно наместен во една просторија, може да претставува декоративен елемент, без разлика дали е топло ќебе, сад со лимони или сувенир од последното патување. Декорирањето на домот не треба да биде случајно; внимателно изберете ги елементите што ќе ги потенцираат вашите полици, шанк или трпезариска маса и, одвреме-навреме, тргнете ги и преуредете ги. Декорирањето на вашето живеалиште е долготраен процес - вашиот дом треба да се развива бавно, заедно со вас, вашите интереси и вашиот животен стил.

 

Чувство на луксуз во прегратката на златни и топло кафени нијанси

 

47 Opremljanje prostora in kombiniranje barv 247 Opremljanje prostora in kombiniranje barv 3

Како топла боја, златната одлично одговара со други топли тонови како што се кафените и светлите крем нијанси, што ќе создаде чувство на удобност, елеганција и гламур. Софистициран начин за внесување на златна боја во собата е со употреба на SPEKTRA Decor Topaz декоративна боја со металик одраз. Други добри идеи би можеле да бидат внимателно избрани декоративни елементи со детали со златна или месинг нијанса, како што се слики и огледала со старомодни рамки или свеќници. Исто така, прилично лесен проект e замена на рачките на шкафовите, фиоките или вратите. Сепак, избегнувајте комбинации со метали кои имаат сребрен сјај, кој ќе ја излади топлината на златната боја. Чувство на удобност и луксуз може да се создаде и со поголем број на перничиња, украсни лајсни или голем килим со луксузен изглед, додека сигурен експертски избор е еднобојна постелнина. Една од најчестите грешки во уредувањето на ентериерите, која треба да се спомне, е изборот на мали килими кои прават собите да изгледаат помали. Тепихот треба да биде доволно голем за удобно да ги вклучи сите елементи на мебелот што стојат на него, а треба да достигне барем подалеку од предните ногарки на каучот, фотелјата и другите елементи околу масата. Исто така, завесите не треба да бидат премногу кратки, бидејќи целта е да се создаде илузија на големи прозорци и високи тавани. Завесите треба да допираат до подот, а за богат и раскошен ефект може да бидат подолги околу еден сантиметар, но никогаш не треба да бидат пократки од 2 см над подот.

 

Комбинација од зелена боја и природни материјали – ода на недопрената природа 

 

47 Opremljanje prostora in kombiniranje barv 447 Opremljanje prostora in kombiniranje barv 5

Богатите зелени нијанси кои асоцираат на недопрена природа и густа шума имаат моќ да внесат свежа енергија во просторијата и чувство дека живеете среде природа. Наместо во минималистички ентериер, богатите зелени нијанси функционираат подобро во комбинација со други бои и материјали кои можеме да ги најдеме во природата, а одговараат и поголем број украсни елементи. Богатите зелени нијанси може да се комбинираат со кафени, особено светло дрвени, земјени тонови, како и со бледо бели, светло сиви или темно розеви. Зелените тонови најдобро ќе ги надополнат дрвените површини и другите природни материјали. Ако имате мазен дрвен под, дозволете да блеска во сиот свој природен сјај и избегнувајте тепих или изберете тепих од природни материјали, како што се волна, сисал, кокос или целулозни влакна. Топлината на дрвото многу добро одговара и со ладните површини од камен, мермер, или керамика, кои можат да се внесат во просторијата преку украсни елементи како што се украсни садови, вазни или чинии. Едноставен трик е да користите украсни садови со лимони, лимети, киви или друго сезонско овошје. Друг вешт начин за внимателно да внесете голем број украсни елементи во просторијата е со послужавници, кои визуелно ги дефинираат просторите наменети за декорација. Комбинирајте елементи од различни големини, со различни текстури, бои, мат или сјајен изглед и следете го правилото за три елементи. Група од три елементи, на пример, три вазни со различни висини, различни бои или текстури ќе имаат пооргански визуелен ефект отколку еден предмет или пар. За повеќе „длабочина“, можете исто така да вклучите текстил во бели бои што ќе ја ублажат темнозелената шема. Заменете ги тешките кадифени завеси со лесен материјал и светли бои, а острите контури со меки, органски форми.

 

Секогаш класичнa и модернa сивa помешанa со нежни нијанси на бои

 

47 Opremljanje prostora in kombiniranje barv 647 Opremljanje prostora in kombiniranje barv 7

Нежните виолетови нијанси совршено се совпаѓаат со безвременските класици како што се сиви, антрацит, сиво-бели или крем тонови, но може да биде предизвик да се комбинираат со светли или интензивни бои. Мекоста и нежноста на бледо виолетова боја може да се истакне со меки домашни текстили како што се перничиња, ќебиња, килими, тапацирани табуретки и тие го надополнуваат светло обоениот, бел мебел или предметите со ефект на камен, како што се мермер, сива керамика или стакло. Голем тепих е исто така добар избор за простории кои имаат под од тврдо дрво со изразито жолт тон; може да се „судри“ со нежниот и малку ладен тон на сивкасто-виолетовите нијанси. Внимателно размислете и за изборот на растенија, кои може да изгледаат нападно кога се комбинираат со нежната боја на јоргован. Ентериерите со монотона шема на бои може да се „оживеат“ со комбинирање на различни текстури, стилови и материјали или неколку нијанси на боја. На сличен начин се комбинира веќе постоечкиот мебел. При изборот на бои за ѕидови, целта не е да се копира мебелот, туку да се најдат комбинации на бои кои се надополнуваат една со друга, дури и ако нијансите се многу слични. За да се создадат контрасти во просторијата, може да се воведат црни акценти како што се црно-бели фотографии, печатени слики или вазни.  Сепак, избегнувајте мали елементи бидејќи собата ќе изгледа помала. Ова исто така важи и за сликите; не треба да бидат премногу мали бидејќи така просторијата ќе изгледа празна. Сликата треба да биде широка најмалку две третини од мебелот над којшто е поставена. Алтернативно, можете да организирате многу мали слики во форма на „голема галерија“. Слично правило важи и при изборот на масичка за кафе, која треба да биде најмалку половина од висината на каучот. При изборот на мебел, треба да се земе предвид не само неговиот изглед туку и неговата поставеност во просторијата.

 

Неутрални тонови – спокојство и минимализам како што знаат само Скандинавците и Јапонците

 

47 Opremljanje prostora in kombiniranje barv 847 Opremljanje prostora in kombiniranje barv 9

Минималистичкиот пристап на скандинавскиот и јапонскиот стил е базиран на шема на бои во неутрални тонови, како што се светло и песочно кафени нијанси, тегет или светло сива, во комбинација со природни материјали. Едноставниот, а сепак беспрекорен изглед може да се постигне и со предмети изработени од ратан, плетени корпи, килими од јута, ткаени теписи или теписи изработени од природни влакна и постелнина од памук или лен. Кога сте во потрага по минималистичка идеја, најдобро е да го ограничите бројот на декоративни елементи. Изберете помалку елементи во едноставен стил, со прецизни контури, изработени од природни материјали и за практична употреба како што се ќебиња, рачно изработена керамика, камени основи или книги. Собни растенија, се разбира, се неопходни. Просторијата треба да изгледа отворено и прозрачно. Поместете ја седечката гарнитура или каучот најмалку 5-10 цм подалеку од ѕидот и не заборавајте да оставите големи празни места каде што очите може да се одморат. Внимателно изберете ги вашите уметнички и печатени слики во согласност со минималистичкиот стил бидејќи не сакате бидат премногу агресивни. Со оглед на тоа, минимализмот е сè само не досаден. Во просторијата може да се внесе виталност и длабочината со комбинирање на различни текстури, на пример со многу популарната декоративна техника за создавање текстура со израмнувачка смеса за декоративен ѕид со стар изглед, или со нагласување во боја со зелени или црвеникаво-кафени тонови на теракота. Друга работа што треба да се земе предвид е бојата на таванот. За интегриран и комплетен изглед, изберете боја која е неколку тонови посветла од бојата на ѕидовите. Со мешање на елементи од јапонски и скандинавски дизајн, можете да создадете простор кој е широк, едноставен, но визуелно сепак исклучително усогласен.

 

Црна, вечна класика и синоним за гламур

 

47 Opremljanje prostora in kombiniranje barv 1047 Opremljanje prostora in kombiniranje barv 11

Иако е многу контрастна, црно-белата комбинација често има многу еднодимензионален ефект во ентериерот. Можеби е подобро црната да се замени со антрацит или многу темно сива боја и да се комбинира со бледо бела или многу светло сива, наместо со чисто бела боја. Оваа комбинација може да се комбинира со други, поинтензивни нијанси, но нивната боја треба да биде ограничена. Подобро е да се прошири оваа шема со различни нијанси на една боја. Црно-бела или скоро бело-црна комбинација добро одговара со сини, нане зелени или бледо розови нијанси. Во просторија во која доминира темна боја, доброто осветлување е најважно. Покрај главниот извор на светлина, треба да обезбедите дополнително атмосферско осветлување со помош на подни или столни ламби, кои ќе имаат и украсна улога во просторијата. Популарен елемент се огледалата, особено во просториите кои се мали или богати со темни бои, бидејќи ги прават да изгледаат поголеми и помагаат да се шири светлината. Контрастната шема на темни и светли бои нуди бројни можности за комбинации со декоративни елементи како што се црно-бели фотографии, принтови, статуи, вазни, од авангардна уметност до класичен ренесансен изглед. Ако вашите полици, маса или кујнска работна маса се во светла боја, изберете потемни декоративни елементи за им го нагласите изгледот, и обратно. Црното и белото треба да бидат во иста мера во просторијата и секогаш во рамнотежа. 

 

Во прегратка на бои кои потсетуваат на море

 

47 Opremljanje prostora in kombiniranje barv 1247 Opremljanje prostora in kombiniranje barv 13

Кога ја комбинирате сината боја, може да употребите студена палета на бои што создава остар ефект и да ја усогласите со бели, светло сиви или светло сини тонови. Или, може да изберете комбинација од бои кои обично имаат топол тон, како што се окер, светло кафена, како и кремасто бели нијанси. При изборот на шема на бои, се препорачува да се земат предвид големи парчиња мебел и други постоечки елементи во вашата соба, како што е подот – ако има изразен жолт или топол тон, нашиот совет е да ја комбинирате сината со други топли нијанси. Додека топлите тонови најдобро функционираат со светло обоено дрво и неутрално обоени парчиња мебел, студените тонови одлично се комбинираат со класичната бела боја – бели ѕидови, бел мебел или, уште подобро, бел мебел со старски изглед за да евоцираат спомени од морето, камена кујнска работна маса или мебел со мермер и сива боја. Сината е секако разноврсна боја која може да создаде многу различни ефекти кога внимателно се комбинира. Динамична комбинација може да се добие и со избор на различни сини нијанси за украсни елементи, како што се перничиња, навлаки или килими, а тие можат убаво да се комбинираат со различни дезени. Бидете внимателни со килими кои имаат нападни шари и стаклени маси; во такви случаи, декорацијата на масата треба да биде едноставна, можеби само вазна со свежо цвеќе или растение во саксија. Ако сакате да создадете приморска атмосфера во собата и да ги декорирате вашите полици со сувенири кои ќе ве потсетуваат на морето во текот на целата година, внимавајте да не се занесете. Подобро е да изберете помалку предмети и внимателно да ги распоредите. Декоративните елементи можете да ги менувате во текот на годината, но придржувајте се до следното правило: за секој нов предмет што ќе се додаде на полицата, треба еден да се отстрани.  Секогаш погодно решение, особено за отворени полици со разновидни мали украси, е да користите украсни кутии. Одвреме-навреме, се препорачува да отстраните сè од полиците и да ги преуредите од почеток. Можеби новото поставување на декоративни елементи ќе ви покаже некоја нивна поинаква карактеристика.

 

Сини и корални нијанси во комбинација со црна боја

 

47 Opremljanje prostora in kombiniranje barv 1447 Opremljanje prostora in kombiniranje barv 15

Како општо правило кое често се користи во дизајнот на ентериер, појдовна точка за декорација на домот треба да биде изборот на неутрална боја, која потоа се надополнува со ситни детали од поинтензивни и посилни бои. Редоследот може да се смени со избирање на живи и смели комбинации на бои, како корално црвена и светло сина како појдовна точка, а потоа создавање рамнотежа со декоративни елементи во неутрални нијанси – црна, бела или сива. При употреба на интензивни нијанси на бои, многу од правилата за внатрешен дизајн престануваат да важат, но тоа истовремено отвора нови можности за модерен, поинаков и неочекуван изглед. Ако белите полици на бели ѕидови се претопуваат во позадината, интензивна боја на ѕидовите ќе ги нагласи таквите полици како интересен детал, кој сигурно ќе го привлече вниманието поради силниот контраст. Внимавајте како ги користите огледалата; тие треба внимателно да се внесат во просторијата бидејќи непромисленото удвојување на површините со интензивна боја може брзо да доминира и да ја наруши рамнотежата во просторијата. Интензивните бои може да се комбинираат на интересен начин со техниката наречена блокирање на бои, која ви овозможува да додадете боја колку што е потребно без да бидете ограничени од планот на собата. Просторијата во која преовладуваат интензивните бои секогаш може да се „смири“, по потреба, со бел таван или едноставен бел килим за одмор на окото. Доколку е возможно со вашиот начин на живот, модерен изглед на интензивни и интересни комбинации на бои одлично одговара и со бел мебел, како што се бели фотелји или гарнитури. Можете исто така да постигнете интензивно и донекаде невообичаено бојадисување кога избирате тавански светла или светилки бидејќи тие се надвор од видното поле на гледачот и дозволуваат повеќе простор за експериментирање. Нема потреба да избегнувате интензивни, диви, па дури и најнеобични комбинации на бои.