Љубовен триаголник
Кога планирав да зачинам дел од белиот ѕид во ќошот од мојот дом, немав намера тоа да биде со љубовен триаголник. Не дека некогаш се покажало дека е нешто позитивно, туку чисто заради мојата љубов кон триаголниците како форма. Како симбол, насоката во која е завртен е исто така важна, но овој пат не се грижев за тоа - ме интересираше чисто како декорација на ѕидот.
Исто така, колку брзо и едноставно можете да нацртате триаголници на ѕидот? На следниот начин!
За основа, избирам високо-покривна боја Helios SPEKTRA LATEX MAT. Употребив три светли нијанси од моите омилени бои: лосос, сива и минт. Ги избрав од постоечката палета на бои Helios. Добро е земете во предвид дека нијансата на боите од картата е секогаш посветла од нијансата која ќе ја добиете на ѕидот кога бојата ќе се исуши.
Со помош на најтесната заштитна лента, направив мрежа од триаголници на ѕидот. Најдобрата работа во врска со ова е дека не е потребно посебно математичко знаење или план - можете да си дозволите да ве води вашата фантазија. Потребно е само да се држите до линиите.
Го избрав најмалиот валјак за нанесување на боја бидејќи триаголниците се мали. Кога премачкувате мазни површини, еден слој боја е доволен. Кога бојата се исуши, внимателно ја отстранив заштитната лента. Ако бојата протече врз белата позадина, ова може да се поправи со мала четка и малку бела боја.
Триаголниците испаднаа добро и на ѕидот му дадоа нов, интересен изглед, што секој може да си го дозволи. Бидејќи ова е мал детал во комбинација со соодветна нијанса на боја, ваквиот „моден додаток“ е добредојден за влезен ходник, дневна соба. спална соба или работна соба.
Дали некој друг се заљуби? Ова мини-преуредување е возможно и во дождливи денови! ;)
